Девојки дали некоја од вас имала успешен трансфер без естрофен. Мене докторот не ми препиша а гледам на многу од вас им е вклучено во терапијата? Јас пијам само 2х1 дабростон
Мила, јас не пиев естрофем во постапката и имав устешно ин-витро, Ако ендометриумот е со задоволувачка дебелина во постапката нема потреба од естрофем, верувај му на докторот!Ти посакувам успех и да не израдуваш со 2 цртки
Девојки, Дали сте користеле Patch Climara? Каде ги лепевте. Ивановски ми рече во долниот дел од стомакот, сестра Сашка рече било каде, аптекарот кајшто ги набавив ми рече на грб На долниот дел од стомакот можат да ми се оштетат од облеката (фармерки, панталони итн), погоре ми треба место за боцкање пролутекс... Помош?!
Овие Climara Patch, мислам дека се истите лепенки кои што ги користев јас. Јас ги купив од Грција под името Dermestril 50. Го содржат хормонот естроген. Кога ги барав јас во ноември кај нас ги немаше, а во Србија ми рекоа дека можам да ги купам под називот Climara. Многу се добри, јас ги ставав до 12 недела, отпрвин пред и после трансферот на секој трети ден, а после 7 недела од бременоста на секој шести ден. Од клиниката во Грција, мене ми рекоа да ги лепам на рамето, на надворешниот дел, кај што е мускулот. Јас таму ги ставав. Ке внимаваш само на туширање, ако се натопи, треба да се замени со нова.
Јас во вторник имав трансфер едно ескимче вратено. И јас не пијам естрофем. Утрогестан 2х200 метилирана имприл и се боцкам со клексан. Сигурно ни е добар ендометриумот па затоа не ни препишал докторот.
Секогаш ми бил отприлика 9 мм па се надевам таа дебелина е доволна за позитивен тест Фала мила Важно е да биде успешно Ајде со лесно да си се израдуваме со позитивна голема бета и јас имам клексан и метилфилат покрај дабростонот. Се надевам еднометриумот ни е добар и ќе ги прифати ембриончињата
Тие содржат хормон естроген. Истиот што го има во циклопрогинова белите или естрофен. Служат за надополнување на овој хормон во организмот. Јас ги примав од пред трансферот до 12 недела од бременоста и покрај тоа што ги пиев белите циклопрогинова три пати на ден, а и ендометриумот ми беше добар. Сигурно докторот сметал дека кај мене има поголема потреба од овој хормон.
Одлично мила, сигурно имал и правилна трослојна форма.Докторот најдобро знае, ти посакувам висока бета!
Јас ги користев лани, ендонметриумот ми беше тенок. Има ефект. Ги лепев на рамото позади или на бутот. Од бугарија беа нарачани. Уште тоа остана тогаш да пробаме, и се задебели ендометриумот, бааги. Супер ембрион имаше, а не бидна. Го чекавме на 5 ти ден трансфер (претходно имав трансфер на 2, 3 ден) Што нема гаранција. Супер се климарата, лепи. А колку ти е ендометриумот на пункција. Мене ми беше на граница 7мм
Некои викаат покачена температура е добар знак . Конкретно мене од 6 ден на трансфер еве сега 15та недела температурата ми е цело време 37.1 до 37.2 . На 28ми ли ќе правиш тест ? Стискаме палци
На пункција ми беше 5,6 Затоа го замрзнавме ембрионот. Овој месец со терапија на 11 ден од циклус трослоен 7,6. Освен лекарства редовно конзумирам ананас, цвекло, лешници.