Од секогаш ова ми било чудно, зашто не ни испитуваат прогестерон или пред трансфер да ти закажат ехо за ендометриум. Јас порано не сум имала проблем со ендометриум, но после хистероскопија ми отенче многу. Лани на пункција имав 7мм, па го чекавме ембтионот на 5 ден и таман се задебели 9.5. А еднаш пак ми го вратија ембрионот на 2 или 3 ден без да ми кажат за ендометриумот. Може пак бил добар, затоа не ми споменал докторот ништо. Читајќи ги приказните на членките нема гаранција, за дебелина на ендометриум или пак на кој ден е вратен. Супер , штом ти го одложиле трансферот, со климара и естрофем ќе се среди.
Друшки многу ме боли главата. Не знам дали од времето, дали од што сум цел ден во кревет или пак дали е можно од клексанот да ме боли. Пред 3 -4 саати почна и мачно ми стана. Чаре?
Јас како шѕо знам, не е дека не прават, прават ама помалку, не поради топлото, туку дека се по одмори, бар мене така ми кажаа. Најдобро да поразговараш со докторот Јас мислам дека парацетамол можеш да се напиеш ептен ако неможеш да издржиш, ако не, пробај со облога со ракија да заврзеш околу челото, мене некогаш така ми поминува
Здраво на сите ви посакувам успех на сите што сте во процедура и што поскоро да ги здогледате двете црти. Правела некоја од вас прп рејувенација на јајници? Да споделите искуства и ако знаете колку чини во ре медика?
Ви се случило да ви доцни од триптофем или сличните? Почнав на 21 ден... обично на 26-7 добивам, денес е 29 а уште нема ништо. Ако испадне 2 и 3 ден да е викенд или празник, може мерењето на хормоните да е на 4 или 5? Пошо и понеделник ќе е неработен, не ми излегува математикава.
Да не пиеше контрацепција нешто ем периодов? Од триптофем не би требало да доцни. Ама нема гајле и да доцни. Ќе си боцкаш од него дур не добиеш. 4-5 ден ти е доцна за хор статус. Ако не можеш на втор ден да дадеш крв поарно ќе биде денот кога ќе добиеш да испиташ. Бар е2. Мора да види др дека е2 е мирен кога ќе добиеш. А обично и од 2-3 се почнува со нови боцки, со стимулациите. Ќе ти каже докторот. Ќе има каде да те боцнат навреме бар за е2. @Milobebence околу 2000 евра излегува во Ремедика. Познавајќи ја твојата историја мислам дека кај тебе ( како и кај мене) нема да даде ваууу резз. Ти консултирај си се пак со неколку доктори, но морам да бидам реална и да ти напоменам да Не очекуваш чудо.
Ама у секоја клиника каде прават ивф хормони испитуваат и на празник и на делник. Те следува со ваучерот
Супер ако е така. Така и мислев, мора да има некое решение. Сигурно не сум прва на која и' треба за викенд.
Ти благодарам за одговорот да не очекувам некој резултат но сакам да пробам да не ми биде криво што не сум пробала.
Јас не пиев естрофен кога имав успешен трансфер. Со лесно! Ако ти е на мисла и можеш да си дозволиш финансиски, би ти препорачала да го направиш. Не знам точно каква ти е состојбата со јајниците и хормоните, но би требало да има подобрување. Јас правев прп на јајници (имам пишано на форумов) и кај мене имаше резултат. Ми се активираше јајникот кој со месеци не создаваше хормони. По 3 месеци од прп имав успешна бременост.
Да ве прашам дали некој знае комисијата дали почна со работа? Сакам да поднесам документи за ваучер ама не знам дали може сега, и ако може дали да одам во здравство или кај мајка тереза?
Јас поднесов документи пред 2 дена.Мислам дека работи комисијата ама редуцирано,јас ги поднесов кај Мајка Тереза!
Еве пред некој ден имаат пишано @Sienna_MK и @LunaGrey дека имаат поднесено документи кај Мајка Тереза. Значи, документи примаат, можеш да поднесеш.
Дечки, вчера бев во Њуборн, рекоа да побрзам со ивф зашто ваучерот не е продолжен, така им рекле од Фонд. Не можам да го најдам известувањето, ако може некој што ќе оди да праша таму? Фала