Мојот случај е комплициран јас имам едно ивф преку фонд кога поднесов барање за втор ваучер добив одговор со донирани јајце клети. Со висок фсх сум и низок амх, ама пред да донесеме конечна одлука дали ќе одиме со донирани сакам да ја пробам методава нешто ме тера не знам дали преголемата желба или е интуиција нешто е.. Инаку имам и уште 3 ивф плус на приватно но без успех. Ајде малку да се стабилизира состојбава ќе направам да не ми биде тешко дека не сум се обидела.
ПРП токму за тоа е наменето, високо фсх и ниско амх. Ако можам некако да помогнам, со повеќе информации, ќе ти споделам од моето искуство во порака.
Здраво дали ќе може да ми помогнете...собирам документи за ваучер и пролактинот ми е малку покачен...докторот ми препиша достинекс и да повторам пролактин...сакав да прашам дали е важно да биде на 3ти ден од циклуc,мислам дека за пролактинот не е важно....и дали има потреба сите хормони повторно да ги испитувам или ќе ми заврши работа и претходниот документ не постар од 6 месеци?! Фала
Прл можеш на било кој ден од циклус да испиташ. Другите хормони Не мораш повторно да ги испитуваш. Штом не се постари од 6м тогаш прати ги нив
Цел ден се мислам дали да споделам во групава. Де ќе напишам де ќе избришам. Некои од вас ме прочитаа во една друга тема, па ми пишавте лп. Фала ви. Одлучив да споделам и овде. Нема што да кријам, нема од што да се плашам. Не е табу тема. Не е смак света, не е 'срамно' ништо. Сиве овие години имав иделани хормони од тироидната жлезда. Абре све како по книга. Исто и антитела . Све во ред. На случаен преглед на ехо се видоа јазли. Ме пратија на биопсија. За жал, вчера се установи карцином на тироидната жлезда , кој мора одма да се оперира. И така друшки. Ќе си се оперирам месецов и после пола година ќе се чуваме. Здравје на зима ќе си го земам јунакот кој доволно долго чекаше. Останувам позитивна. Не може некое си ракче таму да му ја ускрати можноста на моето ембрионче да не си добие мамичка. Бидете добри Чувајте си го здравјето. И слободно тагнувајте ме за све што мислите дека можам да поможам. Сум била овде за секоја од вас Овде сум и денес. Овде ќе бидам и во иднина. Све до крајот А крајот е - полни раце
Бубче мила, чувај се, чувај ја мајката на тоа јуначе! Те гушкам и ти посакувам во оваа и во секоја наредна битка да бидеш на врвот
Секоја почит за храброста и истрајноста, мила, најискрено ти се восхитувам! Од срце ти посакувам се да помине во најдобар ред, ти си силна жена која знае како да се носи со сите предизвици во животот. Чувај ни се и остани позитивна Голем е Господ, ќе биде со вас. Ќе имаш полни раце како што имаш полно срце љубов.
Само храбро...ваков човек како тебе заслужува само добро и ќе го добие сфати го ова само како уште една лоша кривина која ти исправено ќе ја поминеш...и конечно ќе го добиеш тоа за што сите се стремиме.. ти секогаш си наша поддршка ќе бидеме и ние твоја тука сме за тебе за што и да треба...само позитивно и главата горе
Бубче мила, искрено немам сретнато храбра жена со такво големо срце, пишам бришам а немам збор да составам текст, не те познавам лично но те осеќам блиска имаш некоја харизма посебна преку изразот.. Не сакам вакви работи ама ич за човек со такво срце па и на никој друг, само напред знаеш ти најдобро како, а еден ден ке успееш во сите борби ти посакувам здравје а господ ке ти помогни не ми се секирај те гушкам
@Bubce38 Каков смак света, секако дека не е Искрено ти посакувам да го пребродиш ова на најдобар можен начин, господ нека ти даде здравје и пред се трпение па да се вратиш посилна и да ја завршиш почнатата работа а ова да остане позади тебе како еден лош сон Те гушкам другарка
храбра женооо,Кралица само напред и ништо и никој да не ти попречи патот до јуначето ке помине и ова со господ напред остани позитивна како што си
@Bubce38 многу ми е жал за споделената вест, ти се восхитувам на храброста и позитивноста што ја имаш во себе, ти си тука неисцрпна мотивација и даваш таква голема верба дека се' ќе биде во ред и на крајот сите ќе излеземе со полни раце. Другарке, ти посакувам што побрзо да го средиш проблемот и да ни се вратиш уште посилна, чувај се мила!!!