Охо којзнае кога ќе одговорат хаха На ехото имав мислење дека се е во ред со матката и јајниците, дека се нормална големина и форма и дека просторот во матката е чист. А во склоп на хсг извештајот од радиологот,ми напиша мислење дека советува ивф бидејќи имам билатерална опструкција на јајцеводи.
Се ќе биде во ред. Ти си ни голема поддршка овде. Држи се. Голем поздрав Кој баксуз сум јас, на 19.3, баш пред вирусов. Сега морам до 19.9 све да завршам, а за ј. к. да стигнат ќе требале 2 - 3 месеца.
Се ќе биде во ред. Ќе го положиш и овој тест и ќе испаднеш како победник, а наградата ќе си ја земеш во раце. Тоа јуначе што те чека ќе има храбра мајка. Сите сме со тебе.
И мојот ваучер е таму некаде со датата. Јас треба да правам лапароскопија и хистероскопија, без тоа докторот не се нафаќа да прави инвитро.
И јас требаше да правам, ама еве сега дека нема време ќе одам без тоа. Др. е позитивен дека ендометриумот е добар, пијам Цикло, и ок е сега. Ќе се јавам пак во Чаир следната недела, па ако има тремин и тоа ќе го завршам. Во Њуборн ми рекоа да побрзам, па следнава недела ќе уплатиме. Од Фондот им рекле дека не ги продолжиле ваучерите, они се јавиле за некој друг. Така да, ако дојде до тоа, тогаш ќе одам да го продужат, ама ќе гледам да завршам до септ.
Најдобро со документите директно кај мајка тереза да ги оставиш и така најбрзо ќе стигнат а колку што разбрав од членки комисијата само еднаш неделно се состанува... но многу подобро ако веќе аплицираш да си го искористиш ваучерот отколку приватно... (т.е да не е само за трансферот)
Бубче, искрено те читам.. и не те сожалувам како на пример некој друг да го имаше напишано ова, незнам како да ти кажам..едноставно знам дека не е ништо и дека ќе го скоцкаш као два со два. Затоа што знам дека си препозитивно, храбро и силно женче кое не се откажува и знам дека ова нема да те спречи во остварување на твојот најголем сон да станеш мајка. Ова прифати го како еден приоритет кој треба да се среди пред најголемото остварување. Те гушкам и чекам убави вести по операцијата и по 6 месеци
@Bubce38 Се ќе биде добро, Бог те пратил за да го откриеш, имал план за тебе, да се среди се и јуначето да си дојде кај тебе.
@LunaGrey и @KonstantinaM ајде и вие веќе, чекам да ви одобри фзо и да ви посакам лесна и успешна постапка од прва како во мојот случај! и на сите останати другарки секако
Другарки дали е можно од клексанот да ме боли глава? Втор ден не престанува.. намали малку болка па пак појако
Од утрогестанот ти е веројатно... а и земај вит.ц со клексанот за да не ти ослабе железото... позз и те чекаме со 2цртки
Неможе да ти е од клексанот, не верувам. Така да не се погодило или од промена на време можда. Со лесно и со успеех
Во вторник ми е трансферот. Сестра Сашка ми рече првите 72 часа да не одам на работа и да мирувам. Дали тоа значи да лежам поголемиот дел од времето или? Ве молам препораки.
Да, првите 3 дена се лежи. Нормално стануваш за туширање и оброк. Мене така ми кажаа и го почитував тоа. Првите 3 дена лежев, 4тиот и 5тиот низ дома се раздвижував полека 6тиот веќе бев во сити мол на кафе и до аптека да си купам тестови Со лесно!