Девојки нормално ли е 37,3 базална температура? Мене ми е 7 ден од трансфер и се чувствувам доста топло. Знам дека температурата се качува од прогестеронската терапија али некако многу ми дојде ова?
Дали некој знае од/до колку работи мајка тереза. Јас секој ден од 8 до 16 сум на работа. Или рано, сабајле да фатам ако се од 8 па да задоцнам. Зашто после 4 тешко дека работат мислам Ако некој знае точно би ми било од корист. Друго, од документи имам: -2Д ехо -ХСГ (сега видов дека извештајот од хсг е всушност копија, два црно бели печати и без потпис) -5 неуспешни инсеминации (односно извештаите дека е спроведена инсеминација), -3 спермограма, еден декември од систина, два постари од авицена од 2018година -лични карти венчаница и книшки, - хормони на трет ден не постари од 6 месеци, исто така и брисеви, ПАП. -инфектовен скрининг на двајцата, мојот е нов, неговиот декември. -копии на сите документи За 4Д ме закажаа на 5ти јуни, значи јуни планирам одма да поднесам штом приберам се. Дали мислите нешто фали од документи? Да не прават проблем што спермограмот е едниов 12/2019, другите 2018? И за скринингот негов хив хепатит е исто 12/2020. Јуни би требало да помине, 6ти месец се фаќа мислам. Извинете на долг пост ама едвај чекам да поднесам и да е ок се, полудев више П. С. А тоа барање сама да го испечатам од страната на фондот и пополнивам, или таму даваат? Или матичен гинеколог го дава како упат нешто. Конфузија сум
Нема да ти прават проблем за спермограмите, само за последниот важи да не е постар од една година. И јас така ги поднесов, немаше проблем. 4Д не ти е неопходно. Јас имав, ама ако има некој што поднел без тоа нека пише. Во упатството не е наведено ко неопходно испитување. Крвна слика за тебе не видов да имаш напишано, може само тоа да ти фали. Едит - барањето сама ќе си го испечатиш и ќе го однесеш пополнето. Испечати го и тоа што е за матичниот гинеколог, па побрзо само да ти го потпише.
Крвна слика со седиментација и гликемија за тебе и микробиолошки брисеви и документите да не се постари од 6месеци само папот трае година... (а образецот треба да ти го потпише мат.гинеколог) Пс.Спермограмите важно е последниот да не е постар од 6м
Може да ги однесеш документите во Скопје иако си од друг град, не прават проблем, не мора во подрачната служба во твојот град. @Heidy Јас кога поднесов 4д ехо за ваучер важеше нешто помалку од месец. Ми го завлечкаа предметот и во моментот кога го разгледувале мојот предмет, ехото беше истечено за само 1 или 2 дена според датумот од известувањето кое го добив. Не ми одобрија ваучер, ми побараа ново 4д ехо, па изгубив уште 1 месец. Се мислев зошто пак ми бараат 4д ехо, а поднесов веќе, ама најверојатно заради тоа. . Така што, во моментот кога ќе поднесуваш документи ако инфективниот скрининг за сопругот има уште неколку дена важност (правен е 12/2019 така?) подобро нека направи нов, кај мене до ден се држеа за тие 6 месеци, да не ти направат проблем. Особено ако инфективниот скрининг е правен на почетокот на декември.
Мене седиментацијата ми е секогаш 1. тоа добро е или треба малку повисоко ? И ова гликозава ме буни, на горна граница ми е , 5.5 ми е а реф.в. се 3.3-5.6. Што значи гликоза? Нешто поврзано со шеќер?
Девојки да ве прашам тие што сте користеле триптофем, до кога ги стававте? Колку што го разбрав докторот би требало подолго, дали ги користевте за време на мензинс?И дали ви се случило да ви доцни од нив?требаше да добијам овие денови ама ми доцни па почнав да се загрижувам.
Седиментација 1 е фактички 10. Таман. А шеќерот - височок. Да испиташ тримесечен и плус скриен шеќер не е на одмет да се испита Од кога ќе почнеш со триптофем нема преќинување. Ќе ти каже др до кога точно. Обично до ден два пред трансфер, т.е пункција ако ја правите нели. Од него Не би требало да ти доцни. Ама , хормони и све е можно. Опушти се Филџан кефир со лажица цимет е дефинитивно најдобар "народен лек" за ова
Сепак можеш да им се јавиш во борн да се консултираш (знам по себе јас испаничив болки имав да добиено не... )
Здраво девојки, даа прашам пијам цикло прогинова од ден на пункција а денес ми е 8 ден од ЕТ до кога се пијат дали знаете од прилика, или да го прашам докторот утре