Ним па ти уште сега да звониш. Чекај бар 2-3 недели да поминат Честитки и со лесно на новите трудници. Со нетрпение очекуваме уште позитивни тестови до крајот на овој месец
Ни предмет, ни матичен ни име. Еднаш само успеав да ги добијам, брзо и нервозно ме откачи - ќе си чекаш писмо. И веќе не пробав оттогаш.
Во консултација со ендокринолог и гинеколог ако ти е висок пиј го и не го прекинувај. Јас го пиев до 14та недела бременост. Пречка може да е високиот пролактин, а достинексот не, јас 3-4 месеци пред трансфер и за време на трансфер го пиев. Честиткиии @Mira1980 @Luni кажи ми дека до сега немаш сеуште тест направено? те чекаме со убави вести
Mila kazi mi koj den na transfer bese na eho da te gleda doktorot bidejki citam niz razni temi deka ne bilo prrporaclivo da se odi mnogu rano na eho, kazi mi tvoe iskustvo? i drugite neka kazat od iskustvo, pozz
Нема поголема радост од 2 цртки . Бета обавезно на 14 ден преку крв . Честитки и лесна бременост. Бетата е супер . Честитки и лесна бременост ❤❤❤
Храбри женички, на сите со позитивни тестови ви посакувам лесна бременост и за 9 месеци со здрави бебиња да се радувате. @Bubce38 лавице, ти посакувам здравје за да можеш да бидеш силна мајка на твоето јуначе . Ајде сега кажете ми сите вие со слаба резерва и низок амх дали летразол таблетките се со подобар ефект кај нас бидејќи прв пат ми ги препиша докторот. Претходно бев на Кломифен но некако не реагирам добро на нив. веќе година дена помина откако заврши мојата бременост со миссед абортус а јас никако да стигнам до трансфер. Кога сум без терапија и паузирам си имам по 1 или 2 фоликули и имам овулација, но кога ќе ме стават на Кломифен никако да тргне работата.Затоа сега др.ми препиша Летразол па да видиме што ќе биде. Дали кај некоја од вас имало добар ефект користењето летразол? Ве гушкам сите.
Јас не сум со низок амх ама имам користено летразол два пати до сега. Имав три добри фоликули од него. Претходно за инсеминација имам користено кломифен и исто имав три фоликули.Во споредба со кломифенот, летразолот е далеку подобар, не го слабее ендометриумот и не ги троши резервите како кломифенот (ова мислење од доктор).И затоа и цената му е значително повисока.Незнам како би ти делувал летразолот но вервам дека би имал многу подобро дејство за разлика од кломифенот. Се надевам и верувам дека би имала добри фоликули од него.Сепак нека кажат и членки со понизок амх како делувал кај нив.
Друшки имав трансфер на 19ти. Вратено едно ескимче 2 дена старо. Сега да прашам на крв кога најрано би покажало?
Другарки мене ми закажаа трансфер во петок, ама тероиднава многу ниска 0.09 тсх.. Докторката ми рече да намалам доза од утре, мислите ќе смета нешто? Сега пијам за викенд 100, а преку недела 125 еутирокс
Нее мила јас еве на 3 ден ми вратија две ембриончиња и конечно поминаа утре проверувам на 14 ден.. Ке помине брзо не се нервирај слушај релакс музика филмиви и ке помине јас на почетокит мислев на симтоми вакви такви и еве едвај поминаа две недели... Среќноо.. Мој совет не брзај ова се твоите денови гали мешко