Знам дека веројатно многу пати сте зборувале на таа тема, но мене ми е прво ивф, вчера правев трансфер на 1 петдневно ембрионче (замрзнато)па ве молам да споделите искуства за првите денови по трансфер. Од тоа што го читав порано - 3 дена лежење, 2 недели не напорна работа, не скали... симптоми?! Има нема?! Иако е индивидуално - сепак пуста радозналост
Долго време бев во темава, научив многу од друшките што го мануваа истиот пат. Тука имаше многу солзи-радосници, еден куп тажни моменти. Подеми и падови безброј. Сепак, сеуште ја отварам темава, и читам. Читам за нови борби, нови трудници, нови разочарувања... И знам, дека сите ќе успеат да станат мајки бидејќи само упорноста вродува со плод, а има ли некаде, на едно место забрани, поупорни од жените овде? Упатувам една голема гушка до моите виртуелни друшки овде, ќе си се пронајдете. Од дното на срцето посакувам полни мешиња и полни раце на секоја жена!
Како ќе го пиеш летрозолот, од кој ден на циклус? Јас одлично реагирам на кломифен и неколку пати одевме со кломифен на спонтан циклус и речиси секогаш вадевме ј.к. Стигнав и до трансфер. Потоа, откако на 2 пати ј.к се оплодија, но не се развиваа понатаму, докторот рече да пробаме со летрозол. Извадовме ј.к и имав трансфер, откако претходно цела година немав стигнато до трансфер. Дали поради тоа што го сменивме кломифенот, не знам. Докторот ми рече дека летрозолот го даваат на пациенти кои не реагираат на кломифен, како твојот случај. Последниот пат пак пробавме со летрозол ама не стигнав до пункција. Летрозолот и кломифенот имаат сосема различен механизам на дејство. Летрозолот е понов лек, за ивф се користи после 2000-та год. и затоа е поскап. Двата лека се антиестрогени, ама кломифенот делува така што блокира рецептори во мозокот, а летрозолот блокира ензим одговорен за синтеза на естрадиол. Плус, летрозолот не го тенчи ендометриумот колку кломифенот, иако кај мене не беше така, пак имав тенок ендометриум и со летрозол. Пациентки на кои не им делувал кломифен, имале успешна приказна со летрозол. Со среќа
Јас пиев летрозол при инсеминација, имав многу убави два фоликули и ендометриумот ми беше со супер дебелина.
Подобро да почекаш бидејки е поверодостоен резултатот... гали меше уживај ќе поминат брзо Индивидуално да но најдобро да не бараш симптоми бидејки некогаш и самата терапија дава некои *симптоми* не се грижи гали меше повеќе протеинска храна и одмор и најди си некоја занимација да не се оптеретуваш дали имаш или не симптоми... гледај да си најрелаксирана и за 2недели 2цртки
Мила ајде и ти израдувај не со успешна приказна, ти посакувам да си дојдеш до трансфер и до полно меше!!!
Честитки и од мене за полните мешиња и лесна бременост на сите. А тие што сега почнувааткако мене им посакувам многу среќа поздравче и од мене и ве гушкам сите да си останеме силни бидејќи сме жени
Девојки еве ме мене бета 21,99 повторно ниска 14 ден чекам да кажи докторот што понатаму ете пак ке испадне биохемиска сигурно минатиот пат беше 5.3 многу ниска ама сега незнам дали ке успеам мислење?
Немора да значи, можно е покасно да се имплатирало мила. Почекај, до утре може да се зголеми. Дај Боже
И јас тоа сакав да кажам. Провери пак утре или задутре. Верувам дека и докторот тоа ќе препорача. Пиши после што си направила
Ah devojko nemora da znaci verojatno e rano, napravi i test preku urina sto ke pokaze, ti drzam sreka *
Што фајде ниска е бетата 14 ден е ке проверам утре пак ако расте добро е ама иде разочарување пак во мене..
Ќе расте @Luni штом веќе се качила до тому има нешто. Секој организам си е различен. Некој повеќе го произведува тој хормон некој помалце. Сега одмори, релаксирај се и утре те чекаме со многу повисока бета Ќе успееш, само не мисли на лошо, чуда се случуваат секој ден
Мене докторот секој пат ми кажува да се стрпам и пррку крв да направам или 13ти или 14ти ден од трансфер, баш дека се дводневни ми има кажано и преку лрв да на Мене докторот ми кажа дека многу, многу успевале со ниска бета, поготово ако се дводневни или тридневни ембриони. Не се разочарувај, верувај дека ќе расте, но биди подготвена за се.Ќе треба да провериш за два дена Ти посакувам да расте
Мила кај тебе беше тридневно ембрионче колку што знам, не се секирај,може покасно се имплантирало. Сепак е 22, значи тоа нешто.Дај Боже да е успешно. Контактирај го докторот, најдобро знае, а и да провериш утре пак.
Докторот ми рече да не прекинувам со терапија и за 2 или 3 дена пак да испитам битно е да расте вредноста да не опаѓа оффф колку било тешкоо