Другарки има ли некој искуство, ми рекоа да не пијам утре еутирокс, пред трансфер ќе ми испитаат, дека ми е ниско многу тсх, ради висока доза на апчето.. Страв ми е да не ми рипне наеднаш утре или си умислувам само? И ендокринологот ми рече да не пијам и докторот за инвитро
За еден ден нема да рипне, не се секирај. Ни за една недела нема толку да покаже, камоли за ден. Слушај си ги докторите, скокни колку дена треба
Девојки денес кога станав абе градите потечени страшно и ова брадавичките наострени хахаха вчера не ми веа волку потечени...
Фала, ти посакувам среќа и тебе. После пункција: кринон гел, бускопан, бруфен, doxycycline и пролутекс секој ден, декортин и фраксипарин од 2 дена пред трансфер, аспирин од ден пред трансфер, дијазепам на ден на трансфер и после трансфер 3 дена. После трансфер:бускопан, бруфен и декортин 5 дена, кринон, клексан и аспирин секој ден, прогестерон депо на 4 дена, до тест за бременост. Во Њуборн кај Трајковски сум.
0,36 цела година па пред пункција 0,89. Плус земав бемфола само 2 дена мислам и cetrotide. 0,36 цела година па пак мерев пред последната пункција 0.89. Извадени 3, една успешно оплодена и вратена.
Те молам пиши ги цените во њуборн, претпоставувам ова се води како ивф на природен циклус, пункција, трансфер... Пред некој ден знам пиша некој цени
Девојки мене денес ни е 11 ден од трансфер, некако симтомите ми спласнаа.Само градите ми се потечени но без болка. Дабростонот ми го сменија со утрогестан вагинално но само што ќе ги ставам на прво одење во вц ми истекуваат. Дали е нормално ова или не ги ставам како што треба
Колку можеш подлабоко толку... не е грешка нормалнове но по ставањето не станувај бар 1час... за да си апсорбира колку му треба... Пс.Симптоми небарај нема правила
Леле само нервози,некна направив скречинг супер поминав,денес на микробилошките брисеви се појави уреоплазма уфф ќе пијам антибиотик и вагиналети ама некој да не совет како ја излечил
Ја имав многу време ама пошто не ја лечев како што треба. Многу досадна и упорна инфекција. Ако сакаш да ја излечиш две недели и ти и маж ти на антибиотици Доксициклин, Амоксиклав или Сумамед. Односи само со кондом строго додека не добиете и двајцата негативни резултати. Среќно
Да, природен циклус 73 000 така нешто, со тоа што плус си доплаќаш за инекциите што ги примаш, проверка на хормоните.