Здраво девојки Какво е расположението за викенд? Мене 12 ден од трансфер. Требаше да правам денес бета ама во лабаторијата немало реагенси Така да сакала или не ќе си чекам во Понеделник на 14 ден. За домашен тест не помислувам Иначе имам тапи главоболки од вчера, во делот на слепочниците а тие ми се јавуваат секогаш пред да добијам, така да немам многу надеж.
Ти посакувам успех Може така требало да биде, таман да порасне бетата убаво Ајде само убави работи да се случуваат кај сите Јас одмарам, станувам само за во тоалет, среќа маж ми е на работа па ќе свртам круг низ соба
Девојки ја изгубив битката бетата паднала на 11 за жал сега ке одмарам па здравје незнам кога ке ја продолжам борбата... Тешко многу тешко разочарување
Ах мила... тотално те разбирам... денес исплачи се и од утре со главата горе... Знам тешко е поготово вака кога е но Откажување Нема... бебињата ке дојдат кај сите до една некаде порано некаде подоцна но сите ќе станеме Мајки!
Жал ми е, биди силна. Го поминав истото и знам како ти е. Биди храбра, денес тажи, од утре нова борба, земи си време колку ти треба и со нови сили одиме до целта. Нема откажување, никако
Ах колку ми е жал, мила Биди силна, после дождот секогаш доаѓа сонце, и твоето ќе светне силно наскоро
Луни не се разочарувај, главата горе и само напред до успех! минатиот пат кога имав биохемиска, само мислев дека така требало, не бил моментот тогаш. Верувај дека ќе дојде моментот за сите нас, сите сме храбри и нема место за тагување.. Ако ти се плаче, исплачи се и глава горе! Не секоја жена може да поминува низ ова што поминуваме ние, затоа уште повеќе ќе се радуваме кога ќе дојде вистинското време и на друг начин ќе ги цениме работите.
@Luni Не можам да ти кажам - не тагувај, ќе бидне еден ден , мора да успееме, биди упорна ... Не можам да 'барам' да не тагуваш, ниту можам кој знае каква утеха да ти дадам. Ќе напишам подолг пост. За сите овде. На темава сите сте/сме борци. Само оние кои Не тргнале по овие патишта можат да не не' разберат. Одприлика сите ја знаете мојата борба, мојата желба за дете, мојата упорност, мојата приказна... Повеќе од 10 ивф, неколку ванматерични, биохемиска, миссед... Све пројдов , све видов, све исплакав... Еден куп пари потрошени. Па скоро 15.000 евра дадени по болниците овие 4 год. Прво почнав празните шишенца и шприцови од инекциите и кутиите од лековите да ги собирам во големи 5л шишиња. Потоа продолжив во буре. Наполнив буре за расол од потрошени стумулации, клексани, пролутекси, суплементи. Си велев - Да види еден ден Ристена моја колку мајка и' се мачела дур ја добие. Последнава година и мм и докторите веќе почнаа да ме советуваат да прикочам, да не трчам така слепо до целта. Ама Не. Си велев - ќе се окозам али ќе родам. Но еве што ме снајде. Малиген карцином кој мора да се оперира, па здравје боже дури после 6 месеци ако биде све во ред да се размислува за бременост. Но , само за бременост. Стимулации веќе за мене се завршена песна. Не велам дека инвитрата ми го донесоа ракот, не велам дека нервозите , плачките и стресовите беа причинители. Но све се собира. Сиве овие год мм ми велеше- ти да си ми жива и здрава, друго не е битно. Јас и ти да сме заедно, тоа ни е доволно. Енос сега ја сфаќам суштината на реченото. Затоа , Негувајте ја љубовта кон своите сопрузи, искористете го секој момент да уживате во љубовта, во животот, пробајте да мислите дека и периодот без деца е убав и вреден да се живее. Дајте си оддишка, одмор. Немојте да си дозволите еден идиопатски стерилитет да ви го 'земе' животот. Без све нешто се може во животот. Све дур имате здравје и човек до себе секогаш ќе се најде некој убав смисол за што да се фатите и да продолжите понатаму. Во никој случај Не велам да се откажете! Не!! Ни јас не се откажувам. Ќе бидам и јас мајка. Ама прво ќе бидам здрава ќерка, здрава сопруга, здрав пријател, здрава сестра. Им го должам тоа на фамилијата, на сопругот. А мајќи ќе бидеме тогаш кога најмалку очекуваме. Бидете силни. Држете се. Дедо Боже чува нешто убаво за сите нас
Фала милаа Бубче и јас се фатив да брзам да брзам но да се гледа дека не треба да се брза не се оди до целта така, овој совет ми значи многу, се што е кажа има смисла ние да сме живи и здрави, денес така ке се изнаплачам за се да пројде а од утре силни посилни еден ден ке успееме дајбоже ама прво едно одмарање од болници па после здравје...
Мила прво, како што и сама си кажа едно поголемо одмарање од болници, aко можете со мажот ти, да одете на неколку дена некаде на одмор, и се да заборавите. И јас имав многу разочарувања, три неуспешни ин витра, биохемијска бременост, два спонтани, операциите и другите интервенции, да не ти ги спомнувам, ке треба до утре сабајле да пишувам. Ние после толку години поминати по болници, си рековме, не можеме веке, си поднесовме и документи за присвојување. Да ти кажам многу ме смири тоа. Летово имав и хормонално пореметување, кое никако не ми се средуваше. Сега гледам дека и тоа ми било на психичка база. После тоа некако како се да се среди самото од себе, и си рековме да ги искористиме замрзнатите ембриони, и си рековме што и да биде ова ни е последен обид. И ете бидна. 29 недела сум. Сега пак си имам проблеми со бременоста но се тешам дека и тоа ке помине, и ке биде се во ред. Пред две недели ни стигна писмо од социјалното дека ги исполнуваме условите и сме ставени во листата на чекање.
Здраво мајки борци честитам на новите трудници голем е господ ќе не радува сите.. на тие што не успеале главата горе и продолжуваме од почеток нема откажување.. Е вака сега се јавувам во фондот веќе 3 недели по ред секој божји ден работат овие или што им е што не креваат знае некој нешто дали се има јавено некој неделава што им кренале слушалка
Мила, сега прочитав...многу ми е жал, се надевав многу дека ќе порасне бетатаМногу боли, кога си толку блиску а толку далеку. Не се нервирај премногу, борбата мора да продолжи и верувам дека докторот ќе ти даде некои совети и насоки како да ја продолжиш борбата.Сепак нека помине време за да се одмори телото.Те гушкам силно!!!