Здраво, некое време не ја следев редовно страната, после неколку неуспешни инвитра снемува сили.. го прочитав ова и не интересира ако сакате да ми кажете како ти се движеше шеќерот па ти дадоа глукофаж. Мојот седсе движи од 5.8-6.8.Пред трансфер на клиника ендокринологија ни рекоа ништо да не земАм.др.по инвитро сакаше метформин да ми даде меѓутоа како од ендокринологија рекоа дека не треба, остана на тоа..и тоа инв.неуспешно ..
Искрено, еве и јас да се надоврзам за периодот по трансфер. Секогаш после трансфер прашувам ...и сега докторе шо да праам како да се однесувам...одговорот им беше,...како си се осеќаш, така и да се однесуваш, само без многу напор, ...твоето и моето заврши, останатото е на бога...ете така ми кажуваат. А сум пробала секако, и само да лежам, и комбинирано, лежење со мала разонода втората половина, и одење на работа, и пак не бива. Секакви приказни има меѓу нас за ова, секој од свое искуство и нема правила Секој следен пат си велам дека сега поразлично ќе се однесувам и кога ќе си дојдам дома после е.т. сум збунка невидена, дрвена марија, не знам шо значи да функционораш без напор. Господ е голем ќе се израдуваме и ние, секој во свое време. Да се надоврзам на емотивниот, но вистинит пост на @Bubce38, Џабе даваме се од себе и повеќе од што треба, со глава во зид, а забораваме на самите нас и луѓето околу нас
Епа да резз ми беа супер хемостаза и д мери.. А забележав пред едно добри 7 години од ладно ми модреа рацете и почнаа да ми се трпнат рацете а тогаш работев седечка работа без активност со раце одкако ја сменив работата еве 5 години актувна сум и се движам многу го немам тој проблем ама е вака кога сум залегната и одмарам повеке ладна сум и модреам по раце.. Сигурно и мене ми бара организмот движење..
Метформинот е исто што и глукофажот. Јас го пиев како терапија од ендокринолог заради покачено ниво на инсулин, шеќерот ми беше добар. Фати си ред кај добар ендокринолог и нека те води ист доктор цело време.
За да не биде ден година земи гледај некоја серија читај книга нешто занимавај се првите неколку дена повеќе лежи сега можеш и кратки прошетки само да не се заморуваш не кревај тешко и за 10дена 2цртки
Ако си на 5ден трансфер со бластоциста после 9 10дена од трансфер ако си со 3дневно ембрионче за 12дена од трансфер... ајде само позитива и гали меше па дајбоже да не израдуваш за недела дена
Фала ви девојки ❤️ Ми олесна многу вашите коментари. Дај боже за две недели сите да бидеме со меше ☺️
Девојки, можеби глупаво прашањево, но сепак ќе прашам. Дали му се случило на некој да му истекува доле исто како утрогестанот к8га истекува малку, но јас сега не ставам утрогестан, ставам два пати пролутекс? Зар е можно од него, или некое бело прање е во прашање, но без никаков мирис, без никакво чешање, ништо
Не мила сигурно не се работи за бело прање, тоа ти е од пролутекс мора да има исцедок нормално е уживај си
Фала ти најмногу на одговорот. Јас секако нонстоп сум стресена, па ништо чудно и од тоа да ми е Баш истото ми го рече и докторот.Се надевам ќе се среди за некој ден. Ми даде докторот да пијам бромергон па верувам ќе биде се во ред. А ќе гледам да ја подобрам и исхраната
Нормално е, јас пиев дабростон и имав исцедок бел и густ а имав и бели парченца во мокрачата. Прво испаничив но после ми кажаа девојкиве тука а и докторот дека е нормално
Bubce само ти знаеш толку да ме погодиш. Најубавото нешто што го имам прочитано досега. Во оваа борба често забораваме на најважните луѓе околу нас а посебно на партнерот. Напишаното е навистина инспиративно и реално за сите нас.За момент ме освести и ме натера да помислам на човекот до мене кој во се е со мене и кој сеуште е истиот тој прекрасен човек кој беше и на почетокот.Оваа борба треба само да не направи уште посилни и уште повеќе да ја зајакне поврзаноста што ја имаме.А ти си најсилната и најхрабрата жена што постои на цел свет. Ќе се избориш и со ова и ќе победиш, толку многу сум сигурна. А јас па и сите ние сме тука за тебе како што си ти за нас Luni ептен ми е жал, така требало да биде, а навистина мислев дека ќе биде овој пат. Ама сепак сфати го како добар знак, нешто се случило, сепак бетата се покачила и Дај Боже следниот пат ќе биде успешно. Само храбро и без откажување
Дали имаш испитано толеранција на глукоза (OGTT) и инсулинска резистенција? Мене последниве 3 години шеќерот ми е секогаш на горна граница, на последното мерење пред две недели ми беше 6.7., се извадив од памет и одма закажав тест за резистенција на инсулин. Кај мене тестот е нарушен (гликемијата беше во ред), ама имам касна појава на инсулинемија (дури на третото мерење). Докторот ми препиша да пијам 2х400 мг магнезиум, така што не сите пиеме метформин, особено ние што немаме ПЦОС.
Јас немам ПЦОС а глукозата ми е најмногу до 5. Не сум била на ендокринолог но мене Проф.Димитров ми препиша метформин и ми кажа да не читам многу зашто ми ги дава со цел да имам подобри овулации.
Ај и јас да се надоврзам за инсулинот. Пишував едно време... мене инсулинот ми е под граница на нормала. Треба да правам дополнителни испитувања нешто за шеќер? Ни матичен ни гинеколог не ми рекле дека ми смета за ивф? Да дополнам само, шеќер нормален, дури кога пиев овунорм приметив дека ми паѓа шеќерот, дека содржи инозитол, за регулација на инсулинот.
Девојки мојата бета е 44 на 14 ден со 3 дневни ембриони. Вчера правев тест испадна бледа црта, денес пак ама малце потемна. Ниска ми е бетата незнам дали има надеж