Мила јас мислам добро е сепак имаш големи шанси да расти кај мене 21 беше прмногу ниска имаш големи шанси дајбоже да успееш терај си ја терапија и за два дена да напишеш убави вести... Те гушкам знам како ти е @Prinsess_Eva баш ми е жал знам како се чуствуваш јас веке сум добро гледам и двете сме без туби другарка моја некако сличен проблем имаме еве погоре пишав што ке испитувам ако има уште нешто др нека предложи некоја членка а ние мила ке се дружиме биди силна ке помине се ке се видеме со бебчиња
Фала ти мила..и јас имам претходно такво искуство кога примив мерионал три дена откако се појави фоликул и заврши со бременост која на крај за жал за врши со миссед..некако почнав ептен да губам надеж ама ќе видиме додека можам не се откажувам
Фала ти мила и на сите друшки, се надевам ќе ми помогне Господ и ова малечко ќе се избори до крај. И тебе те чекаме следниот обид бизначиња. Те гушкам
Здраво девојки! Нова сум на форумот,Ве следам некое време. Прво Ивф ми е,во Средата имав пункција,извадија 6 фоликули и 6 јк. Сите 6 со одличен квалитет,сите се оплодија и сите мн добро напредуваа. Во Саботата ми беше трансверот,вративме 2,а 4 замрзнавме. Сега лежам,одмарам и го молам Господ за убави вести за две недели. Поздрав Ве гушкам сите!!
Мила, покрај сите овие испитивања, прашајте го својот доктор и дали има потреба да се направи биопсија на ендометриумот. Мене после биохемијската, ми открија ендометритис ( воспаление на обивката на матката). Ова е ретка појава, но сепак прашајте го докторот.
@eta каде и како се прави биопсија на ендометриум. Те молам да ми објасниш како иде постапката. @teddy85 каде се прави днк фрагментација во скопје, како иде постапката.
Дна фрагментација... ако добро се сеќавам анализа на спермата е прават во систина њуборн околу 4000денари плус минус... бар такво инфо имав околу н.год
@brm_brm биопсија може да се прави и во амбунантни услови, со пипета (така некако се викаше), а може и со хистероскопија. @Stressed Out со антибиотик, се излечи воспалението.
Можно е јас околу нова год прашував за цени не се сеќавам кое што колку чини но знам дека и кај нив може да се направи дна фрагментација
Девојки да не знае некој во Солун каде ги има Пролутексот? Таткоми сега беше и ми се јави од таму вика му рркле дека ги нежа во аптеки.. а како што читав ги има и поефтини се таму
Девојки да ве прашам, јас испитав бета на 9 ден од ЕТ и ми беше 182,а на лекар во петок треба да одам, денес сум 15ден од ЕТ, а да испитам уште еднаш утре да се види како оди? Ваше мислење ве молам
Според мене тоа е супер цифра, одлична за 9ти ден. Ама ако сакаш да си бидеш поспокојна испитај за да не мислиш