Можеш да му спомнеш бидејки кога прашував за цени за хистеро девојчето баш спомна ако има матријал за испитување плус колку се доплаќа ама не ми текнува колку рече... знам само дека дијагностичка скоро 22.000 ако има септум полип и сл скоро 28 и дали беше докај 100е за испитување матријал ама не ме факај за збор точна цена незнам...
Претпотавував дека се' плус што се испитува се плаќа дополнително, јас би го прашала докторот за скречинг и биопсија да ми земат за испитување и плус ако он види нешто за одстранување
Благодарам @brm_brm @Luni се дружиме периодов, па догодина ке јадеме мекици Другарки и јас како Луни ке испитам кариотип, енетски мутации, хла типилизација, имунолошкии испитувања ,вродена тромбофилија, Огтт тест, и ке прашам за биопсија на матка по сугестија на ета. Е сега кажите ми дали на гак се функционира и се прават овие испитувања поради ситуацијата? Отприлика за колку време биднуваат резултатите и колку чинат онака грубо?
@Sienna_MK ти благодарам многу миличка и на тебе со срекја и со лесно . @brm_brm се лечев со антибиотик, вибрамицин, 15 дена, наутро и навечер. После антибиотикот чекаа да помине месец и повеке за да ми направат биопсија, зошто антибиотикот можел да даде лажно негативен резултат. Колку ми беше криво, за нешто што се лечи 15 дена со антибиотик, да се мачам толку години, но тоа е. Така требало да биде. Хистероскопијата тогаш ме чинеше 450 евра (рекоа дека е со некој попуст, имале попуст за бившите ју држави) плус 80 евра за примерокот што го дадоа на испитивање.
Јас бев кај мстичната ама нема упати за во гак и едино ми рече со приоритетен упат 24 часовен ама не се знае дали ке завршиш работа само во ману може прашав работат секој ден со упат од специјалист за вродрна тромбофилија а за другите испитувања ако знае некоја другарка нека каже дали работат во гак дали би ни завршиле работа со приоритетен упат а има ли број некоја од Гак да прашаме таму да не информираат?
До неодамна имав инфо дека работат само со трудници со ризични бремености Е дали е така сеуште незнам да не ширам дезинформации но мислам цела клиника е само со итни случаеви Еве бр од нет
Не знам, ни со трудници дали работат. Јас бев претходниот вторник на 26 мај лудница беше. Јас за хематологија бев. Имаше по најмалку дваесетина лугје и пред двата влеза. И трудници ги вракјаа од трансфузиологија. Немаат термини, а со приоритетен упут не се знае дали ке се заврши работа.
Претпоставив но немам отидено на клиника па да не биде да кажам работат или не... но инфото беше дека цела клиника вклучувајки ја и гак и трансфузиологија само итни примаат (е сега тоа итни тие знаат дали би ги примиле или не ) ... но добро е да се знае од некој кој веќе бил
Јас бев со упат пред 7 дена на трансфузиологија, ме примија, ми земаа крв ( трудница ). Во тој момент кречеа имаа мајстори не сакате да знаете во какви услови ме боцнаа. Страшно. 3 пати се покајав што не отидов приватно да си направам испитување.
Првиот пат ИВФ на 42 год. 13 јајце клетки, со 2 ембриона успешно но за жал ВО 13 недела спонтан абортус. Денес по 2 години на мој 44 години повторно пункција и 4 јајце клетки. Утре или деновиве чекам да ни се јават.... Држете срека девојки
Здраво друшки, јас многу сум возбудена денеска, дали е можно денес ми е 15 ден од ЕТ рачунајќи го и денот на ЕТ бетата ми е 4500,а на 8 ден од ЕТ ми беше 181,ваше мислење ве молам, како е, што збачи
Браво @Mira1980 , што би можело да значи, еееј, радувај се и уживај. Сета среќа ти ја пуштам, не ја држам, за овој пат да успееш до крај Кој те води? Ти сменија нешто во терапија за пред и сега по пункција?
Со истото земање крв се испитува и глукозата и инсулинот. На гладно, па одма пиеш раствор, па на 60 и на крај на 120 мин. Јас го правев минатата недела во Хемолаб, со тоа што морав да закажам и чекав неколку дена, бидејќи работат со еден пациент за тој тест дневно. Платив 2500 ден. и со резултатите добив лекарско мислење и препорака за терапија. Имаш ПЦОС? Од која причина го испитуваш?
Ова на ГАК за кариотип збориш за упат? Пошто останатите се на трансфузија и имунологија. Гледав и јас, термини немаат до крај на јули. А сакав на имунологија сите генски мутации да ги испитам (приватно ги имам испитано само шесте најчести за тромбоза), а ми беше во план и антинуклеарни антитела да испитам ама изгледа тешко. Многу испитувања периодов направив во приватни лаборатории, еден куп пари кошташе... Ако сакаш нешто приватно да провериш можам да те советувам околу лабораториите и цените, сите ги проучив перидов.