Мила јас имав неуспешно инвитро и се спремам во јуни да ми вратат замрзнати па сакав да си проверам.Инаку прашав во синлаб ми рекоа 400 за оггт и за инсулин дека е 1000 денари од едно зимање што значи излегува 3400 денари а гледам во хемолаб поефтино излегува
Да, да, толку е вкупната сума, плус бев сама во една просторија, си лежев и чекав за мерењата да ме викне лаборантката. И јас се спремам за крио трансфер и добро е што проверив зашто испадна дека метаболизмот на инсулин ми е нарушен и добив препорака да го доведам во ред со исхрана и суплементи во рок од три месеци и после да пробаме.
Добро што си приметила јас тек сега дознавам дека не биле воопшто за мене, митко како бонбони дава на сите еден куп апчиња и DOR и PCOS итн. кај сите исто. Почнаа хистероскопии да прават во Њу борн? Дијагностичка хистероскопија ќе правиш или нешто е веќе откриено, зошто мислам дека немаат апаратура за оперативна хистероскопија?
Прават хистероскопија и дијагностичка и ако има нешто се отстранува... Дали може да споделиш макар во порака за препорака на што да внимаваш во исхраната? Благодарам
Мила немам правено сеуште но пред некое време прашував за цена ,дијагностичка е 21.000и нешто а оперативна скоро 28.000... @Sienna_MK ќе прави и ќе сподели искуство и точно цени
Дијагностичка ќе правам да, имав спонтан минатата година и сега пред второто ин-витро ќе правам кај Трајковски. Не ми кажаа дека нема оперативна, ако има нешто што треба да се одстрани би требало да биде и оперативна.Секако дека ќе прашам па ќе споделам тука
Секако, ќе споделам тука, може ќе е од корист и за некој друг. Препорака од доктор е да консумирам храна со низок гликемиски индекс што подразбира апсолутно НЕ за шеќери, рафинирани јаглени хидрати (бел леб и секакви други производи од бело брашно, вклучително и тестенини, бел ориз и компир), НЕ за алкохол и НЕ за производи со транс масти. Јас посебен начин на исхрана практикував и пред ин витрото поради ендометриозата, ама сега планирам многу поригорозно да се придржувам до него, иако знам дека ќе ми треба многу истрајност бидејќи има работи што не смеам да ги јадам, а ги обожавам (на пример бурек ). А таква исхрана подразбира само интегрални односно полнозрнасти продукти (интегрален мешан или ржан леб, интегрални тестенини, интегрален ориз, киноа, хељда), многу зеленчук (се освен компир, иако сладок компир е ОК), овошје во помали количини, јаткасти плодови секој ден (најразлични непечени оревчиња), мешункасти плодови (леќа, грав, грашак), пилешко и мисиркино месо, риба, јајца. Поради ендометриозата избегнувам и млечни продукти, односно чат - пат само пијам кефир или јадам мусли со грчки јогурт. Исто така и физичка активност ми препорачаа 5 дена во недела, што не ми е тешко пошто возам точак секој ден на работа, искачувам планини, гледам секој ден да пешачам по минимум 5 км. Јас имам силна генетска предиспозиција за дијабетес и кардиоваскуларни заболувања и докторот ми рече дека само на ваков начин, со правилна исхрана и суплементи ќе ја одложам или дај боже спречам неговата појава. Исто ми напомена дека здрав метаболизам и инсулинемија подразбира и здрави јајце клетки и успех при ин витро.
Јас ги користев може нецела година, и кога го видов составот, си ги набавив сите поединечни витамини, во поголема доза, бидејќи во овунормот реално пример Q10 има многу малку
So sreka neka ti e i daj bozhe da ide sve kako shto treba do kraj.Moja vrsnicka si jas se otkazhav vishe a tebe ti posakuvam sve najdobro vo svetot.
Чувај се, биди најпозитивната личност за тоа што допрва те чека,ќе биде се во најдобар ред.Ти посакувам многу здравје,мир,среќа и те чекам да се фалиш само со убави нешта
Девојки мене денес ми е 16 ден од трансфер, вчера бев да прошетам до парк и кога се вратив дома имав кафен исцедок, што претходно ми беше бел од утрагестан вагиналетите. Се јавив кај докторот кажа одма на инекција прогестерон и одмарање. Се разочарав пошто и така ми беше ниска бетата и денес викам ај да направам тест и гледам позадебелена линија. Бета ми рекоа во Петок. Сега лежам но се прашувам дали навистина би успеала и покрај се ова