Една членка во темата за хистероскопии пишала дека вчера(завчера ) и кажале дека повторно нема да почнат туку на следен циклус... па ќе видиме со оглед на ситуацијава што ќе излезе
Јас мислам дека ако бетата паѓа, ќе ти беше посветла линијата, а може и да ја нема бидејќи ти беше нели пред 2 дена 44. Мислам и ти пуштам среќа да расте, искрено верувам дека ќе беше посветла, мислам дека се е ок, сепак се тридневни
Душо супер е линијата, и јас мислам дека ако ти паднала бетатс ке беше многу бледа втората линија, така да опуштено и позитивно мисли, со среќа до крај
офф колку сум исплашена, ми беше криво што вчера шетав но си викам за подобра циркилација пошто испитав димери ми беа 900 и покрај терапија со аспирин и клексан. Како и да е ќе направам пак утре тест и здравје Петок бета.Многу е неизвесно, ме чуди како можеше од 13 ден после трансфер да се покажува бледа црта и да се зголемува ама тоа е човечки организам кај сите е различно
Дај Боже да е така, за секој случај немам многу надеж али сепак верувам дека ако Господ сака да биде ќе биде. Во медицината нема правила. Фала ти за подршката
Како што е Господ никој не е, немој да се обвинуваш и да се прашуваш да не си направила грешка, не си направила, ти дале терапија.. пробај да се опуштиш колку можеш денес, одмарај, и за два дена голема бета
Мила лежи и одмарај, пробај да се опуштиш и се ке биде добро. До петок има една светлосна година, нели? Знам по мене Ама знај дека медицина не е математика и не секогаш 2 и 2 се 4. Имаше една членка исто со ниска бета па се бидна добро. Лежи, лежи и одмарај. Мочни си тестче утре да не ти е мака, а во петок ке видиш дека јуначето се изборило за свое место во меше. Те гушкам
Ако ти била 44 бетата пред некој ден и ако е неуспешно инвитрото, на овој тест ќе немаше ни бледа линија. Со лесно
Фала ти мила многу за целата подршка во овој период. Тежок е овој пат но ќе го изодиме. Да се надеваме дека моето мало ескимче ќе стане големо херојче. Те гушкам многу Па и јас така си помислив и затоа право во кревет на лежење па како ќе каже Господ така ќе биде
Ке биди ако пага бетата ке ја нема линијата кајмене на 15 ден воопшто ја немаше не се секирај порасната е гали мешее..
Здраво девојчиња. Дали знае некој од искуство за предстојниов викенд ако има полициски час дали има шанса да се извршуваат пункции и трансфери? Зборувам за Скопските ифв центри? Фала..
Најверојатно не ќе биде за од понеделник... но ова не ми е сиггурна информација (само мислење) сепак можеби со дозвола за движење ама искрено тешко
Ако си веќе во постапка и со стимулации, ќе имаш пункција и трансфер. Клиниките и докторите имаат посебни дозволи за работа во полициски час, а и тебе ќе ти дадат некаков документ. Мене сестрата во март кога прашував за истото ми рече дека штом е започнато со стимулација на јајниците не може да се прекине, мора да се истера до крај.
Ако си во постапка да. И во полициски час можеш да излезеш, со тоа што ќе си имаш со тебе секако шема, извештај или што и да е.