Јас примив стоп инекција минатата недела за време на полициски час. Ми дадоа од Болницата извештај дека мора да ја примам. Нема да е никаков проблем,кога си веќе во постапка. Со Среќа!
Знае ли некој систина како се со работно време... И со протоколиве, дали се внимава? Носат ли специјални облеки? Ми е страв да одам
Не се секирај и да има полициски час. Секако ќе си идеш во болница за што и да е. Можеш да излезеш со предходна најава на 192, ќе кажеш дека идеш на интервенција, ќе те запишат, па кога ќе те застане полиција, веќе си пријавена исто како да имаш дозвола. Или само си излегуваш, кога ќе те застанат кажуваш каде идеш, ќе те запишат и толку. После од клиниката ќе ти дадат извештај, и со тоа се правдаш. А тоа што е закажано, не се откажува. Ти посакувам полно меше месецов. За друго не се замарај
Не носат специјални облеки, туку носат само маски. Горе не пуштаат придружба и се’ е нормално како претходно. Дури и подобро е бидејќи нема гужва, ниту мажи испоседнати на креветчињата.
Сега е исто како и пред короната, само што косоварите ги нема сеуште . Порано на почетокот на епидемијата беше построго. И мажи пуштат, јас претходниот вторник бев.
Девојки здраво мене ми е денес трети ден од трансфер и имам грчеви во стомак најчесто во долниот дел и со различен интензитет. Имала некоја од вас искуство со тоа? Фала ви
Мене 9ти ден. Имав грчеви посебно ден по трансферот и наредниот. Па се се стивна. Сега веќе 2 дена има повремени не многу интензивни како предменструални грчеви. Се ми изгледа дека ќе добијам и се молам да не биде така. Друг никаков симптом. Со среќа
Мене ми е денес 6ти ден после трансфер, имав слаби незнам дали грчеви дали како затегање некое, поготово кога ќе станам.. Но, мислам дека ова се е од терапија, од лежењето, па и малку и на психичка база може. Со лесно да ни поминат на сите деновиве, и после сите со високи бети
@Milce89 @AniSel значи не сум единствена☺️ Малку паника почна да ме фаќа, читав сега на интернет се ширела матката дај боже да е тоа
Мене ми е 5 ти ден и јас имам некои грчеви во долниот дел од стомакот цело време,но не мн силни. И градите ме болат,но ме болеа уште пред трансвер. Само симптоми си барам,а реков нема да го правам тоа.
Девојки, ете денешниот муабет ме натера да полетам на клиника и на 9ти ден да испитам бета. Знам дека е рано, но Сега сум тажна. Помала е од 2, односно негативно.