Незнам што да кажам, ама мислам не за џабе ни викаат да провериме бета 14ти ден, сигурно постои шанса за успех
И јас мислам дека треба да почекаш уште малку. Пред 14 дена има шанси за лажен резултат бидејки е прерано. Имај надеж ❤️
Сите 4 јајце клетки оплодени, денеска др Лазаревски и неговиот тим ми направија ембрио трансфер со два ембриони. Благодарам до доктор Лазаревски и целиот тим, ви благодарам девојки за поддршката, ако даде господ да биде се во ред по 9 месеци сите на мекици
Со лесно Добро душо не се разтажувај почекај до 14 ден провери гледам некпи првпат им покажало ниска бета па за некој ден многу се дублирала, со среќа
Девојки мојата бета во Понеделник беше 44 а денес ми е 74 . Слабо. Тестовите ми покажуваа дека расте ама по се изгледа не доволно. Освен тоа имам и кафен исцедок а иде и на кај црвен така да можно е да добијам. Незнам само зашто докторот ми кажа да продолжам со терапијата и во Понеделник пак бета. Што мислите вие, има ли потреба од тоа
Штом ти рекол да продолжиш, значи има шанси. Не губи надеж, знаат што прават, инаку би ти рекле да прекинеш. Ти пуштам среќа
Па ваљда важно е тоа што ќе ти го каже докторот, а не што мислиме ние во однос на тоа дали треба да продолжиш со терапија или не Од нас тука скоро никој не е доктор, а камоли специјалист за ИВФ. Бетата расте и не паѓа што е добар знак, така што терај како што ти кажал докторот, мисли позитивно и пробај да не се секираш овие денови, ќе биде се во ред!
Може верува во чуда Како и да е си се изнаплакав, си се испотешив и сега сум спремна на се Фала ти сепак за утешните зборови Да во право си мила али и некогаш докторите ги продолжуваат терапиите ради реда. Но на крај сепак ќе биде како Господ сака
И јас верувам во чуда, можеби не е над сто вредноста, но расте и имаш голема надеж. За кафениит исцедок да прашаш нешто за поддршка да ти дадат или веќе користиш. Позитивно мисли
Да тоа си потполно во право Примив инекција прогестерон плус утрогестан 2х1, а исцедокот вика може да е од другиот ембрион што не успеал, според него не треба да добијам со толкава бета
Штом расте јас мислам е ок..не секогаш се дуплира според правилата а и скоро ти е дуплира на што е сепак во ред...позитивно и ќе биде се во ред
Мила мене ми беше 22 бетата нели е сега докторот ми рече доколку расте бар малку имаме шанси само да не пага значи кај мене падна не успеав а тебе ти е доволно порасната за да успееш имаш многу големи шанси доколку не се нервираш, ослободи ја психста и мисли си дека си веке бремена сепак има шанси верувај во чуда некогаш и 2+2 не се 4 медицината е напредна но тука се и господовите чуда
Епа женчиња мои, сакав да ве изненадам со позитивен тест денес, но не ќе да сум јас таа среќа, а си реков таман карантински ќе си уживкам дома, после 9 години борба, ама не. Имав пункција на природен циклус, ембрионче вратено на 2 ден, со сета можна терапија покриена, и ајде си седев дома овај пат, си одмарав, демек да не одам на работа. Само два пати до болница за прогестеронче. И пак не бидна. Тешко ми е, уште не можам да се исплачам, ќе ми дојде за некој ден тажачката. На ден на тест некако не ми доаѓа плачењето. Но, не се откажувам, ќе бидне позитивно тестче па што сака нека биде. Во Чаир да пуштат тоа интервенциите, да збрчам едно хистеро, па да продолжам. Ваљда не е проблем, по ивф сега на следен циклус хистеро?
Баш ми е жал ама како што си пишала, нема откажување.. Сите кои поминуваме низ ова, знаеме колку е тешко кога ќе дознаеш дека е неусшено, нема утеха, но нема ни назад, нема разочарување, нема сожалување.. Ќе се радуваме сите кога ќе дојде нашето време Држи се
Мила биди силна не бил моментот... за плачење исплачи се кога ќе ти дојде сега уште си во шок но знај дека следниот пат ќе биде успешно