Ми рекоа да одам на втор или трет ден од циклус на ехо и да се јавам кога ќе добијам. И јас таму се занесував “уште сега ќе закажам пошто мене никогаш не ми касни” и еве сега два дена ми касни и морав како попче да се јавам и да си го откажам терминот. Абе марфи. И сега сигурно ќе добијам во полициски час и нема ни да можам да отидам.
Фала ти мила, дај Боже да си во право Да бидеме позитивни и без разлика на се да веруваме во чуда, бидејќи постојат Ќе се борам лавовски до крај без разлика на исходот Мила најубаво хистеро да ти прави докторот што ќе ти прави инвитро, така он ќе ја има цела слика пред себе и ќе знае каква терапија да ти даде што е наше ќе си дојде порано или покасно, нема разочарувања, за најголемите лавици по две лавчиња одеднаш
После толку години, знам дека е најдобро истиот доктор. Но плаќам се приватно, искористени сите ваучери и многу ми се на приватно хистеро да правиме.
Е да мила во право си. Можеш да пробаш и државно да направиш инвитро, прашај има и добри доктори во државниве болници. Ќе си платиш само терапија другото ти е покриено од Фонд за здравство, и никогаш незнаеш кај ти е среќата, некогаш се залетуваме по “прочуените” доктори али па не значи дека се секогаш најдобри. Ти пуштам среќа ова летенце со полно мешенце
А има ли воопшто такво нешто? Јас не сум чула никој да бил да сподели искуство на државно...особено сеа со коронава не верувам да работат.
Има, прават во ГАК но обично сите се залетуваме по приватниве клиники што е и оправдано но не треба да заборавиме дека сите тие претходно дошле од ГАК. Специјалисти кои прават инвитро се најчесто тие што работат во делот за асистирана репродукција и што ги прават инсеминациите
На ГАК после три искористени ваучери пак се цените како за на приватно,така мислам,нека ме поправи некој ако грешам ама така е,после 3 инвитра ништо веќе не ти покрива фондот ни на државно.
Здраво на сите, како сте денес? Мене денес 7ми ден, и почнувам полека да барам симптоми Знам дека не треба, и само си повторувам ама на моменти е посилно. А од симптоми нема ништо
Во право си. Кога почнав да се распрашувам за доктори и каде да правам ивф, го фалеа Тофоски, но ембриолози и сета потребна саглам опрема немале. И јас до сега немам слушнато за успешно ин витро на ГАК. Ако некој има инфо дека има нека каже.
Јас имам читано за докторката Трајанова дека правела успешни инвитра. Е сега за ембриолозите незнам, али и по приватниве клиники се многу млади дечки али верувам способни. Јас мислам дека пошто се работи за државна клиника не би требало пункција и трансфер да наплаќаат како приватно после искористување на ваучерите. Сепак тоа не е приватна клиника. Но, треба да се праша за сигурно
Друшки здраво на овој специјален ден ве поздравувам со моите две ескимчиња кој денеска првпат ги видов на ехо, дај боже докрај живи здрави на раце да ги имам, дај боже сите да го дочекате овој прекрасен ден и ви посакувам се најубаво во животот,
Две сеее леле мила супер се израдував за тебе дајбоже да дочекаме и ние ваков ден влечи не за нос мила среќно до крај