IVF имаш правено на природен циклус во приватна клиника. Ова може да се прави и на ГАК, се плаќа само искористениот материјал пр. 6000 ден за иглата за пункција, трансвер ако има итн. цените сигурно не се како во приватниве клиники пр. Њу борн 1000 еур за пункција на природен циклус. Таму е Тофоски, Трајанова ја спомнуваат. Ембриологот е 50 год женичка која не мора да прави ништо т.е. ICSI треба само да имаат медиум каде што ќе се оплодуваат сами ј.клетката 1 од природен циклус и сперматозоидите (па и најдобро е тоа оплодување без ICSI зошто некои ј.клетки не издржуваат ICSI особено неквалитетни ј.клетки, од постари пациентки). Ако се оплодат сами, доктор ќе направи трансвер, Тофоски и те како е стручен и за пункција и трансвер. Ембриолозите и во Систина само ICSI прават не прават ни MACS ни PICSI ни IMSI ни AH. ГАК прават јавни набавки на медиуми итн. и треба да се знае периодот кога е тоа зошто после со набавките прават процедури, еднаш додека бев таму се јави една на телефон да им каже дека има позитивна бета. Само што во моментов ГАК примаат само итни случаи.
Милче и јас немам никакви симптоми,освен повремено грчеви во матката. Со еден ден сме разлика со тебе,ама мислам мн рано е за симптоми!?
@Zvezda Сигурно е рано, ама денес некако денот таков цело време се замарав. Како ги поминуваш деновите, лежиш цело време? Јас станувам низ дома, ама повеќето време лежам. Од вчера некој запек ама денес веќе полесно.
@Spiritus абе срцка си, ептен имаш детално објаснето. Тнх... Ама моја нога за ивф таму тешко да ќе стапне. Годиништа се бафтам со ова, и за на гак таква ми е перцепцијата. Туку да ми кажете во систина сега хистеро колку парички е?
И јас имам со тоа проблем,со компот од сливи сум цел ден,ама не ми помага многу. Првите 4 денови лежев по цел ден,сега станувам по малку по дома,поголемиот дел лежам,гледам филмови,си барам занимација за побрзо да поминува денот.
Не знам во која тема да го поставам прашањето, но итно ми треба одговор за роднина. Каде можам да најдам Прегнил од 1500? Слушнав дека немало ни Мк, ни Грција. Од болница да се купат или некое друго решение? Без замени. И зошто нема да не знаете? Фала
За во болница (приватниве) даваат замена за прегнилот како стоп инекција ... зошто нема не би знаела но и да има надвор од Мк додека се затворени границите тешко дека би можело да стигне
Од кога се мафтам со инсемнации и ивф знам е проблем да се најде не е сега дека нешто заради коронава. Јас наместо прегнил сум примала овитреле како замена која е поскапа каде каде од прегнилот, ама кога немаш избор немаш околу 2000 и нешто ја плаќав за инсеминации кога сум правела, додека пред пункција примив хориомон 5000 ие ( оваа е поевтина ама мислам и неа веќе ја нема ) Во секој случај ако имаат поново инфо членкиве кои во моментов се во постапка, нека пишат.
Што мислите за Impryl? Дали вреди за парите? Или сепак е подобро поединечни витамини да се пијат? Од сите компоненти кои ги содржи, само аминокиселините (betaine и cistine) ги немам сретнато да се продаваат.
Мене овие митко ми ги даде ради метилираната фолна. Еднаш ги земав, ама ми се видоа многу скапи околу 2900, сега не знам колку се. И поле од бг си набавив метилирана, овие ги баталив. Но при крај ми се, а граница затворена, од мк од ладе зимате метилирана и шо пари е?
Јас ги пијам веќе година ипол, сега после трансфер ми препишаа два пати на ден да ги пијам. Откако ги пијам, косава како луда ми расте, нокти, кожа се ми се подобри.. Јас мислам дека вредат
Метил фолат има во сите аптеки. Околу 1700 денари. https://24apteka.mk/product/methyl-folate-now/ На iherb е три пати поефтин, истиот скроз, а стигнува за две недели. Само последната нарачка не ми стигна оттаму па морав од аптека. И мене ми дадоа имприл сега... ги зедов, ама не можам да кажам дали вредат после две испиени. Се надевам дека да @LunaGrey, докторите сакаат барем десет вкупно да видат. Јас имав помалку и воопшто не реагирав добро на стимулациите, па успеавме да извадиме 6 јк од предвидените 2-3. Така што и да се помалку, пак има шанси. ________ Кај мене возбуда Чекаме колку ќе останат од оплодените, држете среќа.
И сега се толку. 2 пакетчиња ми требаат за еден месец (по 2 на ден да пијам). Скапо ми се гледа. За метилирана фолна провери во Еурофарм. Пиеше само impryl или и други суплементи? Ти посакувам успешен трансфер.
И јас пијам 1x1 impryl, мене ми ги даде трансфузиологот да ги пијам за мутациите и инсулинската резистенција, многу се скапи ама ми кажа дека биле многу добри, а гледам дека се дел и од некои студии за ин витро.
Мене околу 14 ми кажаа, по 7 на јајник. Ама не прашав дали е тоа ок, друга тема почнавме и сега да си прашам тука стандард
Девојки на кој ден ви го правеа трансферот и која терапија ви ја дадоа за припрема. Едит: со замрзнати ембриони