Мене на 18 ти.ден беше трансферот.Терапија естрофем 3х2. метилфолат 1х1. аспирин 100 1х1. и пролутекс инекции 2х1....
И јас сум со замрзнати, трансфер 14ти ден. Естрофем 3х3, имприл 2х1, пролутекс 2х1, аспирин 1, декортин 1
Срц, метилирана има во секоја добро снабдена аптека, јас ја зимам од Еурофарм од фирмата Now metil folat од 1000 микрограми и чини 1662 денари во пакување има 90 таблети во комбинација со метилкобаламин б12 и чини 994 ден во пакување има 100 таблети. Ако ги порачаш од сајтот iherb се поефтини ама не знам дали има испорака до МК.
Метилирана има и во секоја подобро снабдена аптека јас ја земам од Сара фарм (на бети аптеки 1560ден со 90таблетки за 3месеци имаш ) Во зависност од ендометриумот од 14до20ден... обично даваат естрофем фолна аспирин...
На некој да не му треба Триптофем? Ми останаа уште две. Ги поклонувам ако му треба на некого. Баш сакав истото прашање да го поставамМене денес ми закажаа за на 16 ти ден, се надевам дека е добро
И јас на секој преглед го прашувам докторот дали да ги прекинам и да земам нешто другo од витамини за трудници, зошто Imprylot реално е скап. Ми вика продолжи само со нив најдобри се за мозокот на бебето. И јас продолжив
Декапептил примав 10 дена пред да почнам со стимулациите ( фостимон ) и до крај заедно со стимулациите ги примав со долг протокол од прилика 21 ден се на се. Декапептилот служи како за чистење,подготовка, и за да не дојде до предвремена овулација и зголемување на ЛХ хормонот.
Јас искрено мислам дека се прескапи, многу истражував во врска со витамини пред да почнам да пијам.На почеток и јас пиев Имприл, но после си најдов многу подобра комбинација на витамини.Имприл имаат само 400 мг метил фолат, а јас што ги пијам овие имаат 1000 мг и плус многу повеќе витамини во комбинација, а и се доста поефтини.Ми ги носат од Америка, но можат и да се нарачат преку интернет.Кај нас за жал нема многу избор на добри суплементи. Супер е, докторите сакаат барем по пет да има на еден јајник.Мислам дека е супер кај тебе Девојки да не знаете колку треба да биде прогестеронот на ден на трансфер?треба да испитам на ден на транафер, па ме интересира која вредност се смета за добра, докторот ми рече дека треба да расте и да е висока вредност.знам дека пред стоп инфекцијата треба да биде под 1, а незнам за после.
Јас имав трансфер на 18 ден од циклус. Од терапија имав циклопрогинова (белите), демитрил лепенки, утрогестан 3х1, пролутекс 1х1, клексан, аспирин 100, метилирана фолна, б12, б6 2х1, фемибион.
Две прашања: предлогот за БПО даден од матичен колку време важи? И дали се почнати со нови постапки на ИВФ во систина? Фала ви однапред
За имприл, Лазаревски дава едно, Ивановски дава по две да се пие на ден. Мислам дека вреди бидејки и гинеколот ми ги препорача кога планиравме инвитро. Јас пијам и омега 3 6 9, Естер Ц, селен, магнезиум, вит Д3 и пробиотик
Затоа ми е дилемата....имам метилфолат и метилкобалтамин во поединечни пакувања, другите Б-витамини лесно може да се суплементираат и остануваат само двете амино киселини. Тие секако се важни, но дали се клучни, еве не знам. Инаку, имам искуство со витамини, разно-разни суплементи пиев пред 3 години и сите ги купував од Софија. Тогаш немаше Имприл кај нас. Што пиеш? @Maya12 @brm_brm @Anaskopje @Маја Т @ladystardust @Milce89 фала ви за одговорите.
Мислам дека нема да биде проблем и да ги комплетираш со други витамини ако така ти излегува поефтино.Сепак најважно е да земаме метилфолат во комбинација со метилкобаламин.За амино киселините не сум сигурна колку навистина се неопходни, јас ја нарачав едната ама ретко ја пијам.Сметам дека овие што ги пијам навистина се сеопфатни и доволни.Еве што пијам:
Пренаталните се супер, содржат се’ што треба и ми се чини, во доволни количини. Ќе пробам и јас да направам комбинација од тоа што се нуди овде. Ќе пијам и Имприл, веќе ги купив.
А дали е содржат доволно метик фолат тие што имаат гемски мутации, или посебно само метил фолат да се пие поефикасно е?