Ууфф, незнам за тоа,мене ми ги дадоа уште пред да испитам генетски мутации, после кога испитав само ми рекоа да продолжам со истите
Колку што знам содржат само 400 мг метилфолат, што не е баш многу.Јас сум комбиниран хетерозигот и кога бев на имунологија ми препорачаа поголеми дози на метилфолат.Зависно од генетските мутации се определува и дозата на метилфолат.Сепак мислам дека поголема доза на метилфолат би било подобро.
Имам некои да, ама не обрнав внимание зошто ми рекоа дека се нормални, ништо страшно. Мислам дека ги имам прикачено претходно. Мене ми рече докторот сега така да ги пијам после трансферот, мислам треба да прашаш дали да ги земаш по два пати
Јас сум комбиниран хетерозогот MTHFR и пијам едно дневно Impryl, докторот ми рече дека е доволна доза. Дозата на метил фолат не зависи само од мутациите, туку и од другите параметри, особено хомоцистеин и АФА. По препорака на трансфузиолог/имунолог ги испитав и нив, нивото на хомоцистеин кај мене е оптимално, антителата се мирни и он одлучи дека таа доза што ја има во имприлот е во ред. По трансфер најверојатно ќе пијам две на ден, ама сега за сега се оптимални дози тие што ги пијам и за двете мои состојби (мутациите и хиперинсулинемијата),во комбинација со неколку други суплементи исто препорачани од доктор.
Девојки за поднесување на дополнителна документација во ФЗО како правевте? Пишувавте допис во врска со предмет број?
Добро е да напишеш такво (пропратно) писмо и да наведеш што поднесуваш од документација согласно нивото известување.
А брзо ви побараа дополнителни документи или до сега чекаа?Извини што те распрашувам ама и ние скоро поднесовме па да знам што да очекувам
Јас поднесов за ваучер на 25.03 во Скопје. Директно таму ги однесов. Писмото го добив на 04.06, а одобрено е на 29.05. За информација само..
Здраво девојки, еве ме пак пошто не знам каде да најдам утеха. Денес 12ден по ФЕТ на 1 бластоциста. Прва ужасна грешка: направив бета на 9 ден, негативна. Вчера 11 ден sure check тест но не со утринска, пак негативен. Емотивно сум скршена, знам дека бетата ја направив прерано, но зарем овој домашниот не требаше да покаже нешто доколку има? Прво ивф ми е.
Јас би ти рекла да не губиш надеж.. Според мене е прерано да ти покаже на тест, а плус не е со прва мокрача Секогаш постои надеж дека и имплантацијата се случила покасно, и тестот прерано. Држи се уште ден два и правец на проверка преку крв
Бета колку ти излезе душо, мислам рано си направила, почекај на 14ден од ЕТ и направи бета, не се откажувај,дај боже да биде, ти држам среќа
Биде спремна на се но доколку е бластоциста веројатноста да е грешка на 12ден е помала но не и невозможна ако не си го направила на прва утринска... и најдобронамерен совет :никогаш не правете предвреме тест... Во понеделник направи бета и ќе си сигурна