Јас ги пијам имприлот веке две години а година време без прекин добри се ги купувам од аптека 2800 ден.
Девојки јас не успеав, бетата од 44 се искачи на 74 и денес се симна на 38. Сепак била биохемиска. Фала ви за подршката. Ако некоја би можела да ми каже што испитувања да направам при ваков случај и што е најчеста причина за биохемиска. Јас имам мтфхр мутации и примам метилфолат и клексан но ете не успеа. Ве гушкам и ви посакувам успех на сите
Јас на 14 ден имав бета 44 и за жал не успеав зашто за 3 дена слабо се дуплираше. Но ако правилно ти се дуплира ќе успееш. Ти посакувам успех
Јас,само што дојдов од матичниот,ми даде упат за вродени и мутациски тромбофилии за на Институт за имунологија и хумана генетика. Првпат правам.
Фала ти од се срце, ќе се надевам, мора да бидеме упорни. Тебе ти ја испракам целата среќа, да биде следен пат како што треба.❤️
Фала мила и јас од се срце ти посакувам правилно да ти се дуплира. Не губи надеж никако. Јас не успеав но има многу што успеале и Дај Боже да биде се добро. Во среда направи пак и ако ти е барем над 80 имаш големи шанси
Жал ми е. Јас кога имав, докторот ми рече дека сепак е позитивен знак, бидејќи е дојдено до бременост.. Јас тогаш кашлав ко луда, баш од 6иот ден, кренав и температура, па ми рекоа дека можеби е од тоа. Од се срце ти посакувам успех следен пат
Уф, жал ми е. Се надевам дека следниот пат ќе биде успешно и ќе се радуваш. Дали ти беше прво ин витро, што имаш испитано досега?
Може да е од тоа, на мое инсистирање тогаш ми рече да испитам имунолошки и генетски мутации, чисто како да се смирам дека нешто се испитува, му рече сепак си покриена со терапија и во случај да има нешто. Може од другите феминки ќе кажат што треба да се испита. Само опуштено и успех следен пат, денес исплачи се, а од утре храбро напред до целта!
Прво инвитро а втор неуспешен трансфер. Пред година ипол имав спонтан во 5 месец поради тромбофилија но забременив природно после две ипол години. Од испитувања правев имунолошки и јас и маж ми и плус на трансфузиологија ги направив сите испитувања.Испотав и Д витамин тогаш ми беше 30 па после тоа редовно си пијам по 5 капки витамин Д3. Немам направено само кариотип бидејќи кога беше обдукцијата на плодот се покажа дека нема аноналии а и ембрионите ми се со добар квалитет. Незнам дали има потреба од кариотип Фала мила
Жал ми е мила низ ова што поминуваш.Трнлив е патот и не ни останува ништо друго туку само да собираме сили за следниот обид.Дали имаш правено хистероскопија и дали ти препорачаа до сега да направиш? Јас се спремам сега во четврток да правам, исто имам еден спонтан Следниот обид нека биде природно!!!
Имам правено и тоа пред инвитрото се беше во ред. Едино се мислам или имам нешто проблем со циркулација или со паметот
Се согласувам со @Sienna_MK , можеби треба да размислиш за хистероскопија доколку не си правела, евентуално и скречинг со цел за подобра имплантација на ембрионот. Кариотип знам дека препорачуваат по неколку спонтани абортуси, а ти си имала еден и плодот немал аномалии, така што не знам дали е неопходно и тоа испитување. Многу тешко се доаѓа до термин за кариотип, а на приватно е прескапо, 7000 ден. е за еден, значи 14.000 ден. за двајцата...
@Mrmejd жал ми е Првата биохемиска кај мене беа проблем димерите и циркулацијата. Имав 56 бета, па намали на 27, па на 14. И толку. А димерите ми беа 1700. Не примав ништо за циркулацијата. Вториот пат уште пред трансфер примав фраксипарини и цели први 3 месеци, па добри беа димерите и се избори ембриончето. Немам ниту јас мутации досега, но некаков проблем во циркулацијата ми беше кој не дозволува да продолжуваат со развој во матката на ембрионите. Чисто како искуство имај го и ова на ум, за следниот пат.
Здраво девојчиња. Јас во Саботата имав пункција. 4 јајце клетки оплодени. Денес ми се јавија, во Четврток трансфер,но дека некои ембриони се со подобар квалитет, а некои со послаб. Е сега, јас сакам да знам дали некоја членка знае дали тие што се со послаб квалитет дали ги враќаат на трансвер, или само оние со подобар квалитет? И дали овие што се со послаб квалитет чекаат да се подобрат? Ви благодарам..❤
Следниот пат ќе почнам со клексани пред трансфер, имам уште едно ембрионче и овој пат ќе бидам на естрофем. Ти по колку фракссипарини примаше на ден? И што е разлика од нив и клексаните?