Разликата е во молекуларноста и нивната прочистителност, клексаните повеќе ги фалат од фраксипарините. За жал, мене ми прават крварење исто и аспиринот. Па затоа само Фраксипарини смеев. Примав од 0,4, по еднаш дневно во рака, обично навечер, така испримав 90 ампули. Редовно димери испитувам еднаш месечно, сега за сега добри се
Мене Јани ми препорача да се боцкам сега со клексани, а претходно примав фраксипарини.Го прашав што е разликата, ми одговори дека клексаните биле поквалитетни. Можеш да ми објасниш за какво крварење станува збор? Искрено се плашам од такви работи
Дали клексан/фраксипарин се прима само доколку се покачени д-димерите? За која друга тромбофилична состојба ги даваат?
^^за било каков циркулаторен проблем, треба консултација со трансфузиолог пред се. Сама не си ги воведив. Испитавме се, имам околу 100ка тромбоцити, вродено ми е така. Тоа значи, сум склона кон крварење, бидејќи немам добро згрутчување на крвта. Крварење обично имав од нос, од непца на устата, од хемороиди. За такви крварења мислев. За фраксипарините и клексаните, точно е дека се понови и поквалитетни и попрочистени молекули клексаните. Така ми кажале, така ви пренесувам. Сите сме различни, не значи дека исто и вие како мене имате ваков проблем. Јас ова го открив по биохемиската бременост. И двете инекции делуваат на циклусот на коагулација и си имаат своја улога, само на различни начини. Битно е да имаме ефект од нив и се да ни испитаат убаво
Фала ти мила за одговорот, јас имав крварење од непце ама не знаев дека е од тоа, дури и од аспирин 100 ми се јавува
Кај мене беше исто,не смеам ниту аспирин/кардиопирин да примам. Исто ми беше и од клексан. Затоа само со фраксипарините ми беше ок.
Јас сега моментално не примам аспирин бидејќи во четврток ќе правам хистероскопија, така ми рече докторот да го прекинам сега, после интервенција ќе примам клексани по мислење на Јани па ќе видиме како ќе биде.Ако ми се јави крварење да менувам.Претходно имам пиено аспирин од 75 мг и беше ок, сега моментално не можам да го набавувавм од странство па пијам од 100.
Ги враќаат само ембрионите со најдобар квалитет. Не се замарај со тоа воопшто! А на другите ќе им дадат време да созреат доволно,доколку сакате да замрзнете.
Каде ќе правиш хистероскопија? Јас чекав за во чаир, но некако ао коронава којзнае кога ќе почнат. Во Систина колку е хистероскопија, знае некој?
Мила, јас ќе правам во Њуборн сега во четврток, за цената не сум сигурна ама над 20 000 ќе биде сигурно
Да јас. Ги предадов документите во СК на 25.03, одобрено беше на 29.05, а писмото го добив на 04.06. Поздрав..
За во ману да знаеш дека не боцкаат туку те боцкаат на др место ти само ја носиш во епрувета крвта... (освен поради вирусов да не смениле нешто но не верувам) Ќе ги следат дали сите ќе се развијат во бластоцисти штом на 5ти ден ќе биде трансферот по тоа ќе се види дека се квалитетни и нормално се развиваат Клексаните се подобри во смисол на појаки од фраксипаринот и двете се за циркулација но зависи од мн фактори трансфузиолог дали би дал фраксипарини или клексани...
За билокоја тромбофилична појава-за циркулацијата ...гледаат димери протромбинско време и хемостаза па одлучуваат има или не потреба од користење
Мила јави се пред да одиш, прашај си за секој случај, зошто мене не ме примија со упат од матичен доктор. Ми рекоа мора од специјалист. Исто како што ти објаснија погоре, порано не земаа крв, мора да носиш крв земена во друга лабараторија.
Девојки денес прекинав со прогестеронската терапија, кога би можела да ја очекувам менструацијата? И колку време после биохемиска бременост можам повторно да почнам со обиди за бебче