Браво Бубче. Многу ми е мило што си добро. Мислам дека на голем дел од нас што го следиме форумот подолго време си ни еден вид идол, и сите навиваме за тебе. Со одморено тело и неуморен дух напред !
Држи се После вториот, третиот трансфер не разбирав баш кога некој ќе ми речеше чувај се, држи се, исплачи се, опушти се и ред други зборови на кои не им обрнував внимание.. Но, еве веќе петти трансфер, за кој се надевам дека за два три дена ќе добијам позитивна бета, си викам нема да издржам уште една негативна бета да видам.. Но, некако се освестувам, знам дека сите кои сме низ овој пат не за џабе сме избрани, и навистина мислам дека баш тие зборови треба да допрат до нас, да се држиме, да си го чуваме здравјето пред се, враќање нема, да смениме нешто неможеме, само да се исплачеме, да стегнеме заби и храбро до успех
Чувај се, и само храбро нов ден нова надеж. Јас утре одам да проверам бета, се надевам дека ќе е дуплирана. ❤️
Со лесно мила брзо закрепнување да сме живи и здрави да дочекаме само радости негативните работи да останат во минатото те гушкам
Здраво, сакам да прашам дали некоја има поднесено овој период документи за ИВФ и дали има добиено повратно одговор? Тенкс <3
Милче како си со симптоми??? Јас имам два три денови слаби болки исти како менструални-се мислам ќе добиам во секој момент. Базална температура ми е 37.1-37.2 и тоа ми дава малку надеж. Ајде уште неколку денови ни останаа. Јас си реков ќе чекам до 14 ти ден,не правам ни тест пред тоа,ама овие последните денови најмачни ми се гледаат.
Овие денови се дефинитивно најтешки ама некако како по спокојна да сум од предходните, дали дека минатиот пат биохемиска, па не осеќав ништо, а бетата покачена, па си давам надеж. На моменти ќе се разочарам, не чувствувам ништо, и ќе ме заболи нешто доле, па ќе се утешам.. Градите ми се отечени, ама мислам од естрофемот.. Инаку, поголемиот дел од денот лежам, ќе се развртам низ дома и пак во кревет. Ти осеќаш нешто друго? Кога бета? Јас во петок Ајдее да ни се високиии бетите
Во Петок ми доаѓа 13 ти ден,ако не го сметам денот на трансвер. А во Сабота не работат мислам,така да мислам во Понеделник Бета ќе правам,а Сабота тест дома. Од симптими + главата повремено ме боли,а градите престанаа да ме болат!?
И мене не ме болат, само отечени ми се, сигурно е тоа од естрофемот, тој така делува.. Зависи каде, мислам работат во Систина. Ајдее уште некој ден
Почнавте со процедура?Да не имаш некое инфо за ваучерот и мојот доктор ми рече да почнеме од 21ви ден ама ако не бидне ваучерот? Пробувате да ги добиете на некој од телефоните?Јас на 29.05 поднесов за мене рано е,ама докторот ми рече сега наеднаш ги одобрувале зошто многу им се собрале и треба да почнам со терапија ама дур неам ваучер не ми е сигурно
Немам инфо,3 недели поминаа , се надевам ќе дознаам нешто наскоро. Се договорив да почнам на крај на месецов - ако добијам позитивен одговор до тогаш.
Дали некој знае колку време трае, односно колку рок има предлогот од матичен за БПО (како упат тоа). Мене ми е од 1ви јуни. Ама не ми се спастрени уште сите документи, а докторов ми даде предлог , не ми ни виде што имам документи што не