Фала многу на одговорот, јас неможев да се видам со трансфузиолог пидејќи настана ситуацијава и затоа брав ваша помош со иста генска мутација што ви препорачал докторот, позз а колку време си бремена, се надевам може од сега јас да почнам да пијам плус имприл, затоа што сум 6недели бремена, сакав да прашам не е штетно плус имприл да пијам, или не мора
Фала ти мила на одговорот не бев сигурна дали го поставив правилно прашањето ама баш си ме сватила што ме интересира...
Во скоро време дали сте рефундирале средства за клексан? Како иде сега постапката, шо ми треба, сум заборавила? * имам извештај од трансфузиолог, оригинал од пред коронкава.
Мила мислев на генска мутација дека сум хомозигот ама не сум бремена.Сега ќе правам трансфер со замрзнати
Сметки со сметкопотврда Извештајот Потвдра дека си ги примила И барање поплнето и копија од трансакциска сметка
Сама си ги ставаше? Некако не ми се ко другите или ја лошо ја боцнав имам реакција како да ме каснало нешто
Zdravo devojki, sakam da ve prasam dali nekoja od vas ima DHEA 50mg koi sto veke ne gi koristi i ne i se potrebni? Vi blagodaram odnapred.
Мислам дека нема рок. Јас отидов за тоа последно, прво собрав се па после отидов кај матичната. Не би требало да е временски ограничено
Само што добив денес, и одма кројам планови . До сега немам замрзнувано ембриони, па прашањето ми е, дали некоја што имала пункција на природен циклус, т.е. добиено едно ембрионче го има замрзнувано?! Знам на форумов прашував за цена, добив инфо дека околу 49.000 денари е замрзнување на ембриони во систина. Дали тоа значи дека на еден циклус ако замрзнам еден ембрион ќе платам 49.000, па после на следен циклус ако добијам уште еден ембрион, пак би платила нови 49.000?! Знам глупо прашање, но сигурно се плаќа посебно за секој циклус, ако замрзнуваш, нели?! И колку чини трансфер со смрзнат ембрион во Систина ? (последниот пат платив 43.500, ама на природен циклус)
@brm_brm Да,јас Замрзнато на шести ден. Споро се развиваше ама квалитетно. Сеуште ми е замрзнато и чека за трансфер. Се работи за ремедика, замрзнувањето чини околу 44000 ден и тоа е за 5 год независно колку ембриончиња имаш. Можеш и секој циклус да си замрзнуваш ама цената е таa за сите ембриони.
Јас замрзнав едно и да 49000 е. И сигурно дека секое посебно се плаќа. Трансфер на тоа едното замрзнато правев сега на 19ти платив 29000. Мила а зошто би го замрзнувала. Единсвено ако има недај боже некоја причина. Јас прашав денес и ми рекоа дека ивф на природен циклус е 1000евра
Знаеш зошто, до сега со хормонска терапија вадиме малку ј.к., и добивам по 3_4 ј.к., од кои ќе добијам 2 ембриони, а на природен циклус подобро реагирам т.е. не се клукам хормони, а си добивам по едно убаво ембрионче. И обично во истиот циклус ми го враќаат. Ама никако да се имплантира. Така да не ми останува друга опција, освен вака со смрзнат ембрион, па после некој циклус да направам хистеро или само скречинг и да поработиме на ендометриум, кога ќе е најдобар. Ова вака си го смислив и ќе му предложам на митко. Ќе се фати за глава
Декапептилот сама, 3 прста лево и десно од папок и под папок. Немав проблем, знаеа да запечат или зачешаат ама ништо страшно до следниот ден поминува. Масирај го малце местото со памукот после боцкање. За фостимомите одев секој ден во амбуланта мускулно ги примав.
Здраво,јас кратко бев во групата Подршка за тие што сакаат да забременат,ама сега се префрлам тука .После рез.добиени од спермограмот,докторот кажа со овие резултати практично е невозможно спонтано да се забремени.Он предлага дирекно ин витро,не верува дека и со инсеминации би се постигнало нешто.Ни даде упатства за сите испитувања што се потребни да се направат.Сега не знам кај терам Прво ве молам како да одлучам кај кој доктор за ин витро да отидам,како иде процедурата.Читам тука инвитро на природен циклус,замрзнување,инекции и тн.На странициве на приватните болници не можам да се снајдам вакво онакво оплодување со ваква со таква метода и за се различна цена.Кој кажува какво тип би требало да биде инвитрото.Фала Уште нешто,според Ваше искуство што е подобро дали директно да се оди во приватна клиника и се приватно да се прави или да се чека за ваучер?Зошто читам дека и со ваучер исто има многу трошоци?Дали многу се чека за добивање на ваучер?
Се рачуна и денот на трансфер 14 ден ти е во петок ке ти покаже бетата во крвта, ти пуштам среќа да биде позитивен исходот