Во форумот има многу поискусни на овој пат (јас имав само 1 постапка), но дефинитивно чекај го ваучерот. Јас не се распрашав многу, односно добив половични информации дека ќе ме кошта околу 1.000 евра, и штотуку потрошив над 4.500. Неуспешно. По 2 месеци почнувам нова со ваучер. Да, кажуваат дека има дополнителни трошоци но сепак најголемиот дел е покриен. Просечно ти требаат 700-1.000 плус со ваучер. Инаку протоколот ти го одредува докторот. Откако ќе почнеш полесно ќе наоѓаш и помош на форумов за твоите прашања. Успешен пат
Јас ги поднесов на 06,04 и уште немам никаков одговор доколку некоја добила повратно нека не извести да очекуваме и ние
Фала Јас бев со ваучер и немав никакви трошоци +,а приватно мислам е околу 4-5000€. Зависи каква терапијата ќе примаш,од тоа како ќе реагираш на стимулацијата и дали ќе треба + хормони да ти дадат. Во секој случај ако можеш,чекај за ваучер. Јас доплатив само 49000 ден за замрзнување на ембрионите што остснаа,но тоа си е Ваша одлука. Доколку Ви останат ембриони можете да ги замрзнете ако сакате и имате можност. Единствени трошоци ми беа мислам околу 10 000 ден за суплементи и терапијата после трансвер. А за доктор,јас од искуството мое сум била кај мн доктори,единствено од др.Лазаревсќи во Систина сум задоволна! Се надевам ти помогнав. Поздрав! Фала многу Луни,некој вика се рачуна некој не,јас денес на 13 ти ден неможев да издржам и направив тест. Сега незнам баш дали да рачунам прва мокрача,бидејќи во 05:00 ч мокрев,па во 08:00 ч го правев тестот. Ми дава ова малку надеж,но сепак не се радувам додека не видам утре Бета.
Фала Милче,ама ќе чекам утре заедно да се радуваме! Додека не видам Бета,несакам да си давам лажна надеж,а и линиата не е баш најцрвена. Така да,ќе си чекаме до утре!
Имам повремени болки како да ќе добјиам во секој момент. Малку главоболка и базална температура во 08:00 ч 37,2. Уф Дај Боже! Имам убаво предчувство,но сепак ќе видиме...
Цртките се одлични за 13ти ден Ме расположи и мене Јас сум се фатила за градите, демек они дека не ме болат ептен и се разочарав сабајле, ама баш убава вест за почеток на денот, уживај денес
Ембрионите беа одлични,ендометриум одличен,јас и сопругот немаме никаков,ама баш никаков проблем,ама еве 6 год се мачиме и не сака никако. И 5 инсеминации правев и пак ништо. После трансвер Др. ми даде многу надеж,а и ембриологот,ми рекоа не гледамр зошто да не биде се во ред? Ама сепак ќе видиме утре... Фала! И мене не ме болат градите. На допир нормално,не ми се ни нешто баш отечени. Ако го рачунам денот на трансвер 12-ти ден ми е. Ама утре ќе направам Бета,па да видиме...
Секако подобро е да поднесеш документи за ваучер, за да избегнеш дополнителни трошоци.Одкако ќе добиеш ваучер можеш да одлучиш каде сакаш да правиш ИнВитро ,на страната на Фондот за здравство имаш листа кои приватни клиники работат со фондот.Ќе прочиташ и мислења и препораки еве од други членови за тоа кој доктори се добри.Одкако ќе одлучиш ќе побараш од матичниот гинеколог упат за таа клиника и докторот кој сте го избрале.На тој преглед ќе ги добиеш сите информации кои сега можеби ти изгледаат збунувачки(дали и каква терапија за стимулација ќе примаш, колку време, како да се боцкаш , што се ти следува бесплатно како терапија од фондот и т.н) Е сега после трансферот доколку нели дојде до оплодување се прима терапија плус која за жал се плаќа приватно.Колку, кај сите е индивидуално, но имај си во предвид некој просек до 1000 евра.Се надевам дека разбирливо ти објаснив, но без грижи, ако изгдеда збунувачки полека се ќе средиш.Со среќа
Мила ден на трансфер е 0ден така да не се брои но како о да е тестоте е позитивен... провери си бета и Честитки милааа
Честитки мила како и дае па имаш рана бременост, сега ке направиш преку крв во понеделник, гали меше и уживај
Девојки јас веќе 4 ден како ја прекинав прогестеронската терапија дабростон 2х1 и утрогестан 2х1 после биохемиската бременост и сеуште не ми дојде циклусот. Дали има простор за загризеност и во рок од колку време треба да прокрварам :/ Се плашам пошто еднаш имав киретажа пред година ипол