Девојчиња јас денес правев трансфер на две замрзнати ембриончиња.Сега доаѓа тешкиот дел Кажете ми со лежење цело време до кој ден? И дали лежевте цело време на грб?Не ми е прво инвитро ама пак се чувствувам како да незнам ништо
Нај првин со среќа Јас кога го првавев првото инвитро претежно лежев иако докторот не ми кажа ништо посебно што треба или не. Само потенцираш да не качувам по скали. Почнав да читам и истражувам и дојдов до заклучок дека никаде во светот жените не се приморани да лежат . Некои одат и на работа , некои своеволно одмораат. Според мене најдобро е да си правиш како тебе ти одговара.
Јас лежев до 3 ден, станував само за тоалет и туширање. Од 4тиот ден натака почнав по дома да седам, да се движам. На 6ти ден веќе бев искочена на кафе. Со лесно чекаме убави вести Ајде доста беа хистероскопии, сега следува трансфер. Со успех понатака. Инаку Влатко ли почнал да прави хистеро? Пошто не правеа.
Со лесно да ти поминат деновите.. Гледај си серии, читај си книги, пробај да се занимаваш и ќе ти летнат за миг. Ти посакувам висока бета за две недели
Мила гали меше и за 2недели чекаме висока бета... правило нема колку дена да одмараш обично првите 2до3дена поинтензивно одмарај па потоа можеш по малку да се раздвижуваш и поради циркулација но скали не напрегање не ... релаксирај се и позитивна мисла Да прават незнам од кога точно почнале но прават
Да мила, јас сум негова пациентка и он ми ја предложи пред ин-витро. Прават и дијагностичка и оперативна.Во право си, да поминеме на главното сега
Девојки јас денес иапитав тромбофилија на ману и баш прашав кој испитувања се под тромбофилија ми кажаа дека се 9 те најосновните гени за дали има потреба од клексани па за две недели резултат, а замислите прашав во синлаб за да испитам кариотип ми побараа 25 000 за мене и за маж ми 25 000 луди се со ова цениве и им реков фала ви, а знам дека во систина е 7 000 која е разликата боже ама сепак ке почекам белки ке може во гак за некој месец...
Со анестезија е ова и каде ја правеа доле кај што прават пункции зошто немаа сала. Мене ми кажаа дека и второто замрзнување е во истата цена од 49.000 за природен циклус пак прашај си кај нив. Во Катар има ли банка со замрзнати ј.клетки и нешто да ви покрива фондот?
Пак јас, со прашање. Деновиве само ви досадувам со моите прашања. Но, освен вас, немам кој. Немам ни една другарка и роднина што правела инвитро. Правев крвна слика, за ваучер. Седиментација 12/23 ми е... Маснотии во крв високи малку над граница. Друго се во ред, шеќер добар. Прашањето ми е, -дали да поднесувам со оваа крвна слика -дали да правам нова цела комплетна -дали да направам нова само седиментација? Фала на сите што помагате заедно да дојдеме до ||