Над 5 ембриони цената била иста 45.000 а за до 5 ембриони можело да се плати од ембрион, за 1 ембрион 9.000 ден. за 2 ембриона 18.000 итн до 5 ембриони. Да не знае некој колку е цената во Ремедика за природно модифициран циклус со апчиња и со по некоја инекција при крај.
Кој ти препорача серклаж сега пред бременост (во бременост прават ако е во ред ехото) со ласер е правено не треба да е многу скратено, колку ти е грлото? Да не ти кажале скречинг на матка? Трансвагинален серклаж прават пред бременост ама ако немаш воопшто грло.
Значи мојот ембрион е замрзнат во март и цената беше 44000 било да имам еден ембрион било пет,иста. Јас бев на кломифен тогаш, 5 бемфоли и 4 цетротиде. Извадивме 2 јк од кој едната се оплоди. За инекциите платив 28000, за пункцијата со анестезија 38600 со стоп инекцијата. Трансфер наскоро,тоа не би знаела колку ќе биде За Ремедика
Мила ме гледаше и вагинално и со прсти мереше ми рече дека ни таму ни ваму не ми било значи ни кратко ни долго и ми кажа остави ме да размислам што да правиме. Ми вика ке стигнеме до позитивен исход и на крај дане ни се случи спонтан. А што нус појави можам да имам ако ми направи сега при лапарото и хистерото серклаж? ❤️
Кои се димензиите, сега може да се измери ама најмеродавно е во тек на бременост сега би била склона кон инфекции итн. консултирај се и со Панчевски он прави трансвагинален серклаж.
Зависи од единицоте 150иу околу 2900мислам беа а имаш и над 4000ден бемфола само не ми текнува од колку иу беше...
Јас се боцкав со бенфола, од 150 IU e 2893 den, od 300 IU 5787 den.Ova se ceni za privatno, inaku fondot gi pokriva so vaucer i se najkvalitetni.
Мене ме интеррсира дали даваат ваучер за второ дете, ако имаш замрзнати ембриони.Ваучерот да го искористиш само за трансвер.
Искрено да ти кажам незнам. Кас здравје се од почеток ќе одам зошто имав само 1 ембрион немав за замрзнување
Кога прашував јас ,така ми кажаа дека по состав биле најдобри и многу добра реакција имале на стимулација на фолекулите.Ако има некој инфо поинакво нека сподели?
Можно е, искрено не сум во тек, ама ќе пребарам по интернет. Едит: ова го најдов (сигурно има и други статии) и според тоа што пишува, Бенфола е поевтина алтернатива на Гонал Ф, поради повисоката цена на Гонал Ф, и се со слична ефикасност, а според добиените резултати, за нијанса послаба е Бенфолата. https://medivizor.com/blog/SampleLi...and-effective-alternative-to-gonal-f-for-ivf/
Бев минатата недела за хормони на Биохемија, само за инсулин и естроген немаа реагенси. А ГАК во скоро време нема да почнат со работа.
Зависи кој како реагира и каква е состојбата на јајниците. Конкретно кај мене одевме со бемфола баш поради тоа. Слаби резерви,години, да не ризикуваме со појаки терапии па и тие што ги имам да не се претворат во цисти и така од две извадени една оплодена ( зборувам за природен циклус со мала стимулација). Тоа е сепак успех.Ова колку што знам за себе, за појаки терапии и која каква е немам искуство.