Девојки ми стигнаа резултатите од Д витаминот и б12. Но незнам дали ми се во ред. Имам читано дека витаминот Д треба да е над 40 за успешно инвитро. Доколку имате некои сознанија пишете ми
Нормален ти е најдобро е да е во рамки на нормала но да не е на долна граница... пак консултирај се со гинекологот можеби ќе ти даде во постапка да земаш минимална доза но и предозираност е штетно ...
А да ја прашаш докторката твоја да не имаат измени во цени за со донирани јк? Т.е јас не им знам ама баш ни од прилика колку кошта кај нив ивф со купечки јк. А баш би сакала да го имам и тоа инфо
Јас платив 38600. Дали може да те обавестам за некое време,кога ќе одам лично ќе ја прашам или итно е.
Стандард граница за Д-витаминот е 20. За инвитро препорачуваат да не е пониско од (или околу) 40. Јас открив многу низок ВитД после прв неуспешен трансфер (=7). Почнав да пијам по 6000 единици на ден, и за 3 месеци го качив на 37.7. Па намалив доза на 2000 единици на ден. Др сметаше дека е доволен растот за да продолжиме со втор трансфер. Не ти е воопшто лош, плус земи предвид зимски период беше + карантини Консултирај се со др дали ти препорачуваат воопшто да пиеш плус, пошо сега во летниве денови и побрзо ќе се синтетизира и ќе се качи природно. Претпоставувам ако воопшто ти препишат, ќе е мин доза, пошо не смее ни да се претера. Поздрав
Ми кажа дека нема потреба. Но пред нареден трансфер мислам дека не би било лошо да си земам месец дена по една доза од 1000 ui За да биде нешто повисоко. Иначе пошто имам МТХФР мутација пијам метилфолат и на многу членки им препорачале со тоа и Б12 но ете кај мене нема потреба бидејќи во нормална граница ми е Б12 и хомоцистеинот. Фала ти на одговорот @princess5 Да се надеваме дека се е ок и нареден трансфер успешен
Ќе си почекаме по се изгледа. Не знам зошто побрзо не ги разгледуваат... баш мислам дека поради вирусот, сигурно нема многу апликации од март април мај. И јас поднесов пред еден месец, знам дека не е кој знае колку долг период ама ич немам тепение
Искрено мила, не знам што да мислам, ако на тие од крај на март што поднеле не им е одобрено или немаат уште информација што ќе биде со нас што во мај сме ги поднеле документите?!Останува да се надеваме дека сите наеднаш ќе добиеме ваучер
Една членка неколку страни поназад пиша дека и стигнал одговор. Поднела на 25ти март и го одобриле на 29ти мај. Изгледа мартовските се завршени,ако ги гледаат по редослед. Со оглед на тоа дека во април беше најригорозно со полицискиот час и со тоа што ништо не работеше и седевме дома, не ми се верува дека се поднесувале многу барања во април.
Здраво девојчиња 6ти ден од трансфер и некако како да немам апетит за јадење. И тоа баш онака од денес драстично. Градите помалку ме болат. Инаку во долниот дел на стомакот чад пад болки слични на м. Некако се осеќам разочарано. Не ми се станува од кревет. Некоја членка со слично искуство. Поздрав ❤
Знаеш дека сме баш исто.И мене 6ти ден ми е.Истото и јас го забележав со апетитот.Прв пат да не ми се јаде, а секогаш сум си имала добар апетитАма мислев да не ми е од премногу седење дома и стрес.Се надевам дека е сепак добар знакИсто сум разочарана ама сепак имам малку надеж
Другарчиња, искрен совет да не се замарате претерано со симптоми додека чекате. Ја поминав 2 пати таа 2-неделна неизвесност, и пак ме очекува. И знам дека нема правила. На двата трансфери ги имав скоро сите симптоми што во најголем процент ги сметаат за добар знак, па ништо. Совет: Водете сметка за симптомите пошо сепак е неизбежно и донекаде потребно за вас лично, но не се оптеретувајте непотребно. Не може да се разочарувате додека не направите b-hcg тест, пошо тоа е конечниот одговор. Можеби се е во ред и се подложувате на непотребен стрес. Малку музика, филмче, тераса, што и да е шо ве опушта
Девојки, размислувам сега за второ инвитро во Ремедика но на приватно, многу време ќе ми одземе собирањето на документи пак за ваучер.Тука прочитав од членки дека за пункција е 38.600 и трансфер 22.000, плус нели целокупната терапија.Да не имате некое инфо плус што трошоци би можело да се има чисто сакам да си направам проценка. Без губење надеж, мора позитивна мисла и се ќе биде во ред ❤️ Само позитивно мисла, нема губење надеж
Јас пред 2 и пол месеци правев ИВФ на приватно во Ремедика. За пункција + 2 фоликулометрии + 2 мерења на естрадиол + стоп инјекција + инфективен скрининг (значи БЕЗ трансфер) платив 52.600 ден. Терапијата ја платив околу 60.000 ден (примив 36 инјекции фостимон и 13 инјекции декапетил). Бидејќи немав трансфер платив дополнителни 44.000 ден. за замрзнување.
Премногу ги покачиле цените...Ова се цени за природен циклус или редовна ивф постапка? Дополнителни трошоци би биле анализите на естрадиол, ехо-прегледите (не секогаш ги наплаќаат во ремедика), секако инјекциите, суплементи, после трансфер терапија.....отприлика тоа би било.
Јас сум пациентка на др. Димитров, закажувањето е многу едноставно, се јавуваш на пултот и ти кажуваат кога има слободен термин. Најмногу што сум чекала за закажен преглед (неповрзан со ин витро) било 10 - 12 дена. Ако не ти се чека, кај него можеш да отидеш и без закажано во термините кога е во амбуланта, ќе си земеш бројче на пултот и ќе почекаш да поминат сите закажани пациентки, па после ќе те прими, неколку пати го имам тоа направено и никогаш не ме вратил.
Ти посакувам што побрзо да ти поминат овие денови и да се израдуваш на висока betaHCG. Од постовиве можам да заклучам дека си ептен дисциплинирана и претпазлива пациентка, сигурна сум дека се ќе биде ОК и ќе вроди со успех Можеш да ми пишеш се што примаш од терапија по крио трансфер? Ти вратија тридневни ембриони или бластоцисти?