Каде испитувате вит Д, ДХЕА и АМХ. Не сум од Скопје, кај нас иде една лабораторија што испитува 1800,2000 и 4000 ден. Како се цените приватно во Скопје.
Толку се и во Ск, горе долу по приватните клиники и лаборатории, Д 1700, Дхеа 900, Амх 4200 во Авицена, по другите може и поскапи.
По приватните најевтино е во Хемолаб, Витамин Д - 1500, АМХ - 3500, едино ДХЕА не знам колку е, ама имаат ценовник на сајтот.
Вит Д може на клиничка биохемија за Дхеа незнам а Амх ќе мораш приватно бидејки порано можеше на Гак со упат преку асистирана репродукција ама гак сеа не функционира за др пациенти освен трудници
Немаат реагенси за АМХ на Клиничка биохемија веќе некое време, јас бев пред десетина дена. Иако имав упат, морав да го направам приватно.
Табелава ми е во процес, ова е инфо што сум истражила досега. Цените се превземени од официјалните ценовници објавени на web од самата институција. (Инаку јас AMH & Vit.D испитував во Hemolab, и имам позитивно искуство со нив).
Девојки, во ремедика не сум правела ивф, само на консултации. Ме интересира како оди закажување, се чека многу? И препорака за доктор таму на природен циклус. И како се цените, за пункција, трансфер, за природен циклус?... Пред некој ден знам пишувавме зљ замрзнување за таму.
Здраво женски, по пункцијата стигнавме до 9 бластоцисти кои ќе бида замрзнати е сега да ве прашам дали некоја има искуство како моето. Докторот ми даде клексани по пунцијата и достинекс кои требаше 7 дена да се боцкам но ми се појави крварење и ми ги прекина но ми рече дека не е страшно и сега не знам дали да го сметам за циклус а мене циклусот ми беше на 1ви јуни и сметам дека е рано не знам вие што мислите
Незнам за цени, најубаво јави се прашај на пулт. Во однос на закажување е едноставно. Ако има термин во времето и денот кога сакаш да закажеш, океј.. доколку нема прашуваш само дали тој и тој ден е тој и тој доктор на смена. Одиш во времето додека докторот има амбуланта, на пултот бараш бројче и чекаш прво сите закажани регулар да поминат па потоа влегуваат тие со бројчиња. Јас сум кај Димитров а така функционира и Петановски. Не е комплицирано, се фаќа ред. Океј им е тоа со бројчињата, да не се бројчињата по 2 месеци ќе чекаме сите.
Да споделам позитивно искуство со Маcs метода. Втор пат ја користиме Маcs методата при ивф на спонтан циклус и втор пат добиваме ембрион. Овој пат добивме бластоциста и ја замрзнавме. Пред тоа 2 пати само со ICSI се оплоди ј.к, ама не се делеше. Имаме комбинација на лош спермограм со висока дна фрагментација и ниско амх. Информативно за спонтан циклус во Плодност моментално, цената на пункција + ICSI = 600еур, а според она што ми кажаа трансферот ќе дојде некаде околу 500-600еур. Помалку чини трансферот на спонтан циклус за разлика од претходната година, истото го пишуваше тука и една членка пред некое време. Маcs метода се доплаќа 450еур. Замрзнување ембриони чини 450еур.
Zdravo imali nekoja clenka koja je skoro bila na invitro?kolko dolgo se ceka odgovorot od fondot odkako kegi podnesete dokumenti?fala unapred za odgovorot
Јас правев во Ремедика сега во мај кај др.Петаноски, по препорака од Јас правев во Ремедика кај Петановски, закажувањето е едноставно,се јавуваш и прашуваш кој ден има слободно кај тој докторот што сакаш.Јас по препорака на пријатели кои имаа успешни инвитра се решив за Петановски и сум задоволна.За цени немам прашано лично бидејќи бев со ваучер од фонд, но други членки имаше што пишаа колку чини целата процедура.
И јас кај него правев,мн сум задоволна и од него и од самиот персонал.имав успешно ин витро.сега сум 8 недела.дај боже да е добро до крај се.за цени на приватно не знам бидејќи бев со ваучер.
И јас сум кај него, и сум презадоволна од се - терапија, третман, однос, достапност, ме смирува, ми објаснува.. никогаш не ме одбил за прашање или консултација.. Само позитивно искуство со него
Женички после 7години борба прв пат во живото гледам ДВЕ цртички. Незнам како да ја опишам мојава среќа да дај госпо сите да си ја дочекате мојава среќа и веќе групава да биди празна... Ве влечам за нос
Честитки мила, со лесно да си ја износиш бременоста Што убава вест за почеток на денот! Влечи не’ сите!!!