Со лесно мила нека ти е,за 9 месеци да ти се наполнат рацете со најубавото богатство и биди среќна Не ми текнува до замрзнати правеше трансфер,кај кој доктор си?
Што убаво утро, поубаво неможеше да започне. Радувајте се. Деновиве да си потврдиш и бета Каде правеше, не ми текнува, и што терапија имаше по трансфер? Честитам
Итре ќе проверам бета Овај пат го праев во Плодност кај Др Таше А од терапија примам: Аспирин Цикло- Прогинова Пролутекс Имприл Сумамед Мултилак
Се распрашував нели пред некој ден, за цени и постапка за замрзнување ембриони. Е сега вака логички размислувајќи, да ме потврдите дали е така,...при постапка со замрзнати ембриони, фоликулот пука, природно или со стоп инекција нели, и автоматски се ослободува жолто тело кое лачи прогестерон.....а при пункција се вади фоликулот и нема жолто тело за да лачи,... На ова се должи поголемата успешност со замрзнати или не?! Додуше и организмот е поодморен при трансфер,?! А и секако и прогестеронска подршка се дава и во двата случаи,....ете да се најдам во муабет
Multilac е пробиотик и се препорачува да се зема после терапија со антибиотик, во мојот случај Sumamed а него појма немам зошто ми го дадоја
Веројатно Сумамедот после пункцијата ти го дадоа три дена, а не после трансферот. Мултилак даваат и потоа, и јас не знам зошто. Читав нешто дека пробиотици помагале при имплантација, ама статијата беше за вагинални пробиотици. Ова можеби за дигестијата го даваат, појма немам. Честитки и со среќа! И јас денес направив два домашни теста, во понеделник здравје ќе проверам бета. Позитивни се... ама се' уште не можам да се израдувам.
Те чекам нонстоп и не ти пишам да не те замарам Баш ме израдува, очекуваме висока бета, " убаа си"шо би рекол докторот. Со лесно
Дечки, ќе ве замолам да споделиме искуства за ембрио трансфери кај дијагностицирани полицистични јајници (PCOS). Во мојот случај PCOS го третираат како главна метаболитичка причина за проблемот со неуспешни имплантации (2), со оглед на тоа што имунолошките испитувања досега се во ред. Немам проблем ни со тиродна, тромбофилија, инсулинска резистентност, гојазност, стандард палета антитела - се тоа е во ред. Освен секако стандардното за PCOS (нередовни циклуси/слаба овулација/висок AMH & LH/хиперстимулација). Би сакала да слушнам слични искуства, кои дополнителни испитувања/терапија ви препишале, и по можност која болница/др. Целта ми е да истражам што повеќе пред следен трансфер. Фала однапред
Аииии Ќе те испуштев бре девојче! БравоС Многу ми е мило. Прво па машко! Ама го убодивте од прва што се вели Со лесно другрка
Девојки дали некој знае др. Лазаревски како е периодов на работа. Требаше во јуни да е на одмор ама не знам до кога? Дали можам да закажам во време на викенд?