Мила јас како што знам беше една недела на почеток на јуни,оваа беше на работа па наредна од 22 до 30 јуни пак е на одмор.За секој случај јави се кај сестра Анита
Не знам дали ќе добиеш некој во време на викенд........Ако не ти одговара сестрата на моб, прати и’ смс, а таа ќе ти се јави штом може.
Можеш ли да споделиш (може и во приватна порака) кои ти се вредностите на АМХ и ЛХ? Јас никогаш не сум имала дијагностицирано ПЦОС иако на пункција имав многу фоликули и блага хиперстимулација поради која се одложи и трансферот, а на ехото наредниот циклус после ин витрото едниот јајник ми беше полицистичен. Кај мене ЛХ е во нормално ниво (околу 5) и секогаш бил, ама АМХ е висок со тоа што кај мене и ФСХ е многу висок па првично се сомневавме во слаби резерви, ама еве резултатите од хормоните ми се контрадикторни, се чудам воопшто дали постои ваков случај како мојот - екстремно висок ФСХ и висок АМХ. Менструации цел живот редовни, овулации исто, иако последниве 3 циклуси после ин витрото осеќам дека не овулирам и тоа почнува да ме загрижува. ПЦОС се дијагностицира во млади години и многу ми е чудно сега на 30 и кусур да добијам и ваква дијагноза.
Може некој да ми го објасни долгиот протокол плс? Мислев се пијат апчиња (циклопрогинова) па се ставаат инекции и одма после пункција. Денес слушнав дека два месеца траел процесот? Се бројат тие 21 дена додека се пијат апчињата во процесот?
@LivingGlam браво, баш ме израдува Уживај и радувајте се, класично ивф имаше? Јас денес малку се разочарав, бев на преглед демек за на природен циклус, 10 ти ден, а Е2 некако многу низок, само 100, а ЛХ пак се качило 9 (еден фоликул 14 мм) За прв пат вака, Па утре пак ќе треба да проверам хормони. А за денес д_р ми даде и цетротид и менопур. Некако си се разочарав.
Некои пијат и 2 циклуси контрацепција. Ама обично е вака: на втор ден почнуваш со контрацепција, на 21 ден продолжуваш со супрефакт инекции. Чекаш да добиеш нов циклус и од втор ден почнуваш со стимулации. Супрефактот Не го прекинуваш се до пункција која обично е 13-13 ден од ц
Фала Да, класично по долг протокол, само без контрацепција. Веднаш на 21 ден почнавме. Оплодувањето беше со ICSI. Фала ви на сите, ме фати возбуда дури сега од коментарите. Нејќам се' уште да се опуштам додека не видам дека е во ред. После веќе ќе ве влечам, дај Боже. И фала ви, навистина.
И јас сум слично фоликул 15 мм е2 74 а Лх 15 утре сум пак на ехо и хормони...инаку Декември со 24 Лх имав пункција без стоп инекција но за жал не се оплоди ј.клетката.Јас мислам Лх обично е покачен малку кај слаби резерви..Не се разочарувам чуда се случуваат.
Абе таква верба имав дека се е ок, пошто до сега 5 обиди, во сите вадевме јк и се оплодуваше, а денес некако не ми дојде убаво на душичката. А и прв пат докторот ми вметна плуа хормонче, дека Е2 е малку нискичко за 10 ден. А за ЛХ го прашав, кажа дека толерираат до кај 12, во спротивно фоликулот би бил празен во најголем број случаи. И ти си баш на природен, кој те води? Овие вредности од кој ден се?
Кај мене не беше празен со 24 Лх...а естрадиолот 100 и не е низок за 9 ден колку што се сеќавам кога останав бремена ми беше околу 100 па по два дена 194 и тој ден стоп инекција..не знам мила и јас веќе што да мислам и јас се разочарав ама ајде ќе видиме утре што ќе бидне. Не можам да кажам од кој ден бидејќи овој циклус ми е малку подолг после цел месец се појави овој фоликул и почна да расте естрадиолот претходно не менуваше од 17 а сега расте и фоликулот и естрадиолот и ендометриумот само Лх е малку проблем ама ддр.рече утре ќе знаеме за сигурно.Кај Трајковски сум .
Кај мене со естрадиол 150 па се до 450 на ден на стоп инекција при спонтан циклус сме ваделе ј.к со која сум стигнувала до трансфер, така да не се разочарувај пред време. Нема таква статистика дека трансферот со замрзнати ембриони е поуспешен од трансфер со свежи ембриони. Еве тука има една понова студија од 2019та на 5379 пациенти каде нема забележана значајна статистичка разлика во едниот или другиот случај, освен кај една група на пациенти. Јас имам и трансфер со замрзнат ембрион заради тенок ендометриум во циклусот кога се доби ембрионот. Според зборовите на докторот, одевме на крио трансфер за матката оптимално да се подготви за трансфер. И прогестеронот ми беше добар на денот на трансфер, и ендометриумот трослоен со убава дебелина, и пак немаше имплантација. Едноставно, нема точна формула за успех. И матката да е совршена ембрионот може да не е добар па да не се имплантира. Или пак прозорецот на имплантација да е изместен. Еден куп работи треба да се поклопат. А и секој доктор има примери на пациентки кај кои многу од „идеалните“ услови за трансфер не биле исполнети па сепак имале успешна приказна.
А што вика доктоеот за тоа, чаре? Мене обично ми бил до кај 5, кога сум мерела за на природен, затоа денес се изненадив.
Моите резултати: LH = 17.4 (фоликул.фаза, реф.вредност 1.1-11.6) АMH = 18.71 (реф.вредн. 0.14-10.40 ж:31-40 год) FSH = 7.42 (фоликул.фаза, реф.вредност 3.5-9.2) Pcos ми е дијагностицирано многу одамна. И јас развив хиперстимулација после пункција и тоа јака, па одложивме трансфер и замрзнавме 5 ембриончиња. Во врска со твојот случај, сум читала дека, иако поретко, pcos може да се јави/детектира и подоцна, од х причини. Мн фактори се во игра зошто.. Точно дека е понеобичнa комбинацијата висок AMH со висок FSH, но јас што сум читала неколку клинички истражувања - вашите случаи имаат поголеми шанси за IVF успех. Ако ти се чита подетално, ова истражување ја испитува баш вашата комбинација AMH:FSH
Уште не сум во постапка ќе видиме што ќе каже кога ќе почнам Лх и фсх ми не ми се во сооднос и високи ми се а немам полицистични . Антрални имав 14 на последново мерење. Менструации имам редовни и овулации исто. Не се разбирам многу во хормони искрено, според неколку доктори ми се нормални, јас не мислам дека фсх 8 и лх 10 е баш ок ама ќе видам како ќе се одвиваат работите понатака.
Мене баш кога ми беше најнизок естрадиол 35 на 9 ден, тогаш успеа. Не ни измерив пак пред пункција, се погоди карантин 4 дена. За LH ќе се погрижи cetrotide. За пункција убаво е да имаш барем 2 водечки фоликули на денот на пункцијата.