Да, ама јас сум баш на природен, и обично на крај само една созрева. Барем кај мене било така, имав 4 трансфери, на природен циклус. Само еднаш извадија 2 јк, ама една се оплоди. Беше и ти со природен циклус? До сега само еднаш сме мереле хормони и со едно ехо, закажувавме пункција. Ама сега ова ме изненади да не речам разочара,...може тука ми е среќата
Да, на природен. Примив прв пат 2 стоп инекции наместо една ако тоа имало улога, цетродит стандард поради високо LH, и првпат бемфола наместо менопур. Една јајце клетка е доволна секако, не губи надеж.
Фала на подршката, не губам надеж не, Имам 10 ивф направено, така да, појака неможам да бидам. Но си планирав така лагано како до сега, со еден преглед, еднаш хормончиња и оп пункција. Како и до сега, хахах. Некако ми се виде многу боцкања овај пат, и многу седење на кеј кај систина чекајќи резз., ама па убаво средиле. Обично, по 1 јк си вадиме, се оплодува и враќаме, а овој пат сакав 1_2 циклуси да вадиме јк, да се оплодат, па да имам барем 1_2 замрзнати ембриони.
Да, тоа е добра опција. Верувам дека имаш испитано доста работи, штом е проблемот во имплантацијата мора да биде сигурен докторот дека има услови за враќање пред трансфер: добар ендометриум, прогестерон поддршка, и инекции фраксипарин или клексан. Јас тие ги примив секако превентивно, а дури на ден на трансфер дознав дека имам генетски мутации за тромбофилија па продолжив и понатаму со клексан. Секако тсх и пролактин да ти се во нормала. Јас за тоа пијам терапија па морав да следам цело време.
Сето тоа е испитано, покриена сум сум клексан, апирин, метилирана фолна,б12,...ендом. во последно време нешто инат води несака да се задебели, едвај 8 мм на ден на транфер,....затоа сакам да замрзнам па да се работи на ендометриумот циклусот кога ќе се враќа.
Ве удавив деновиве Кажете ми од iherb веб страната, сега стигаат пратки заради ситуацијата? Нарачувала некоја? Како иде поштарината, колку плуа се плаќа? При крај ми е метилираната и Q10, од бг ги зимав претходно, ама гледам дека и од странава нарачувате? Како иде постапката за нарачка?
Последната нарачка ја направив на 17 Март и не ми стигна. Ми ги рефундираа парите без проблем. Сега веќе би требало да стигнуваат нарачките. Обично за две недели ми стигнувале претходно. Поштарината е различна на сите производи, кога пребаруваш филтрирај на Shipping Saver и ќе ти ги даде опциите со поефтина достава. Спојлер Нарачката најобично, правиш профил и нарачуваш со картичка.
Зар е можно, вчера ЛХ _ 9, после примено цетротиде, денес 1.55?! Толку да се намали,....да се одржува да, ама да се намали. Па гледам дури и под граница е @LivingGlam фалааа, Претпоставувам авионски праќаат,...ајде нека отвараат аеродромите веќе еднаш. Едит: баш евтини производи имаат, во споредба со нашиот пазар
Девојки после три дена од биохемиска добив и денес на трет ден испитував хормини и за првпат ми покажа многу висок пролактин 1085 (рефе.вреднист од 102-496).Во вторник одам на консултации за второ инвитро. До сега никогаш не сум имала проблем, дали е можно терапијата за првото инвитро да влијае.Имате ли искуство со вакво нешто?
Бар еден циклус си требала да скокнеш, докторите препорачуваат минимум 2 за да направиш било какво испитување, ќе ти се среди после мензис
Фала ти најмногу за споделеното! Да, твоите резултати се малку поразлични од моите. Кај мене вредностите се: ФСХ - 17,2 ЛХ - 4,90 АМХ - 7,52 На оваа студија (или можеби слична) имам налетано и јас и да, заклучокот е дека е поповолна таа комбинација на ФСХ и АМХ, иако е направена на мал број пациенти. А зашто докторите мислат дека во твојот случај ПЦОС е виновен за неуспешната имплантација на ембрионот? Се сомневаат во квалитетот на јајце клетките, односно ембрионите или? Од она што имам читано, пациентки со ПЦОС имаат потешкотија природно да забременат, ама имаат голем успех со ин витро. И јас имам замрзнато ембриони, ама мене сега за трансферот повеќе ме плаши тоа што имам ендометриоза што автоматски значи инфламација во организмот што влијае на имплантација на ембрионот. Како и да, ти посакувам овој пат да имаш успешен трансфер и да се израдуваш на висока бета.
@CvetCvet Пролактинот е поврзан со стрес. Паузирај месец два па провери. Јас сум испитувала било кој ден од циклус.пијам достинекс веќе подолго време. Не се секирај, ќе се среди.
Фала ти, ме загрижи малку резултатов бидејќи до сега немало никаков проблем со хормоните.Секако ќе видам што ќе каже во вторник докторот.
Ти објасниле многу убаво и другите членки. Терапии, пункции, трансфер, биохемиска бременост - се тоа е преголем стрес за организмот, му треба време да се врати во нормала. Јас лично чекав цели два циклуса после ин витрото и дури на третиот циклус отидов да проверам хормони зашто знаев дека нема да добијам веродостојни резултати ако ги проверам одма.