За пункција не ти кажа кога ..јас утре правам пункција без стоп инекција..па ајде нека бидне работава и кај двете
Па најбитното не го кажав, вторник Ма да не ми се бендиса шо денес не беше ивановски, туку адамовска,...ми кажа вчера дека нема да е тука. Така да она ми даде за денес плус боцки и стоп инекција недела према понеделник. И затоа сум цела во прашалници. Ајде со лесно и среќно утре А денес како ти беа хормоните? Кој ден ти е утре и зашто без стоп?
Бреееј види докторишта....каков демоде пристап...може еве не сакам хормони воопшо, па ќе одам три месеци по ред. Ама на сите им е полесно, со хормончиња, си имаат контрола а и башка повеќе јк, таман са немаат утка. Ако стварно таков пристап имаат, ме разочарале предвреме.
И јас го имав истиот случај кај Петановски сакав скрос на природен циклус само со стоп инекција и кога отидов за пункција ми вика атрофирал фоликулот тоа е нешто ново но јас дека имам болни овулации го осетив ноќта дека пукнал а се консултирав и со други доктори дека фоликул што бил на 8 ден 16 мм не може да атрофира, но неговото објаснување му беше дека тоа се случува кај случај со низок амх како мојот и ми вика дојди следниот месец да ти дадам хотмони
Хормоните биле одлични само тоа ми кажа докторот...без стоп бидејќи Лх беше веќе беше малку покачен во четвртокот ...а кај мене мила нема ден долг циклус ми е ова 46 ден од последна менструација..со среќа и тебе па да се израдуваме заедно
Девојки јас не можев да издржам и денес рано направив тест.Денес ми е 10 ден од трансфер (без денот на трансфер) и ми покажа ептен бледа линија.Што мислите дали е во ред? Трансферот ми беше со две бластоцисти, па ме плаши да не е многу слаба за овој ден?
Супер е, за 2 дена ќе биде 12ти ден а таа потемна, на 14ти ден уште потемна ќе биде. Честитки, ова се добри вести за добро утро
Фала ти многу, прв пат гледам позитивен тест и толку многу сум исплашена што неможам сеуште да се израдувам.Дури се плашам да не ја снема следните денови
Има едни евтини тестови во Зегин, околу 30 ден. Повтори го тестот утре, а можеш и вечер, за да си сигурна дека нема да ја снема. Честитки!
Те разбирам, иста бев и од страв правев нонстоп тестови до бета хцг, случајно да не ја снема втората линија Ќе биде се добро, само убаво/позитивно размислувај.
@Маја Т честитам, радувај се, За 10ти ден цртката е супер. Плус да прашам, пример на пункцијата ако имам јк,...а со оглед на тоа што пример овој циклус не сакам трансфер (сакам да го замрзнам ембрионот-ако се оплоди, а нели замрзнуваат со добар квалитет), дали тоа значи дека ќе ми дадат терапија после пункција како за трансфер, естрофем, прогестерон,...чисто во случај ако ембрионот не е за замрзнување, а?
Честитки мила, се гледа бледа линија, со оглед дека е 10 ден, одлично!!! Направи пак за 2 дена, ќе биде уште потемна Ептен ме израдува, те чекаме со висока бета
Фала многу, ќе го повторам, не верував дека ќе се плашам и од тоа, ама ете Фала многу, Дај Боже се да биде како што треба, уште сум во шок, неможам да поверувам Фала многу, Дај Боже да се враќа кај сите Фала мила, Дај Боже и кај тебе Фала многу, да се враќа што побрзоЗа терапија ако не правиш трансфер мислам дека не би требало да ти даде, зашто таа е за подготовка за трансфер кога се прави.Секако ќе се договорите со докторот за дали ќе има трансфер.Јас и првиот пат кога замрзнував имав трансфер, затоа веднаш ми дадоа терапија после пункција.