Све ми е собрано,може затоа ми е вака. Буквално една убава работа ми се нема случено последнава година.
Значи стварно ми е жал за сите нас...колку сме јаки,ама не можеме да не мислиме и да се правиме како ништо да не е....еве исечок од една статија што баш ме погоди,дајте малку да се охрабриме некако...
Ти се нема случено нешто убаво зш допрва следува најубавата работа Го откривте проблемот, кој е баш боза проблем. Нема ни една препрека зошто не би успеала од обид , два. Верувај кога ќе почнеш со постапка све ќе се промени. Ќе добиеш неверојатна сила, вера, надеж..Очајот ќе исчезне а љубовта кон рожба ќе стане уште поголема , а со тоа и шансите за успех ќе се качат на макс Мисли си позитивно, пробај да се опуштиш, прифати го фактот дека одењето по овие патишта за тебе е единствениот начин да го добиеш тоа што го сакаш, биди среќна што воопшто и можеме да чекориме по овие патеки... И оп.. Еве го денот со полно меше. лепотичко моја
Мила, ако се точни информациите, со лесно и со среќа да си го користиш ваучерот, да вроди со плод од прва!hug: Баш ме зачуди малку, јас очекувам прво на маил да ме известат, а јас и @LunaGrey поднесовме пред тебе Како и да е, според ова не би тербало уште многу да чекаме Вртоглава бета!!! Со лесно мила до крајот, ептен се радувам за тебе, нека биде дупла радост и среќа
Девојчиња, ве советуваа ли вашите доктори што препорачуваат за IVF и планирање бременост генерално периодов поради Covid19? Јас после пауза и многу двоумење отидов и не ни стана збор од страна на Др дали смее-не смее да се продолжи, туку веднаш планови за следни чекори. Со моите милион прашања, не стигнав воопшто да разговарам за препораки во врска со пандемијава. Искрено, многу размислувам и се двоумам. Од една страна, вирусов не си оди и ќе остане тука бајаги време и не можеме да чекаме до недоглед за процедура. Следам инфо од странски клиники, најголем дел продолжуваат со постапки. Од друга страна, многу е неистражена темата и ефектот на вирусот врз рана бременост и плодот, плус оперативни процедури и посета на болници, така да газиме на многу непознат терен со дополнителни неистражени ризици. Јас се решив да продолжам и би требало да имам скречинг интервенција во Јули, па зависно од исходот да закажеме трет трансфер после тоа. Доколку некој разговарал на темава, споделете ако можете, чисто да споредиме мислења.
Фала ти на утешните зборови Тешко е но мора да се издржи, друго нема. Се надевам ќе се соземам. Јас не чекам и воопшто не помислив на чекање. Само поголема заштита и тоа е тоа. Милион жени околу мене остануваат природно трудни па не гледам зошто јас би била поразличен случај.
Мене ме праша кога сум поднела и откако и кажав во мај, ми одговори многу е рано , многу, ќе си почекаш известување. Јас и одговорив извинете ве молам што е повеќе од месец чекање многу рано, заборавив дека во државава никогаш ништо не фукционира ко што треба.
Јас правев трансфер на 15.05.А пред да го правиме се консултирав со Др.бидејќи бев со замрзнати....тој рече нема што да чекаме одиме на трансфер,вирусот нема да не спречи да победиме.и така бидна....сега сум бременка.секако заштита треба каде и да одиме.среќно и со успех
Здраво женски! Честитки до сите нови трудници! До крај со лесно.. Дали некоја правела инвитро приватно во систина, да ми каже дали во цената за пункција се вклучени и фоликулометриите или е само пункцијата? И отприлика колку доаѓа на крај без терапијата (30000 пункција и 101000 трансфер). Исто така дали некоја правела летрозолски ивф циклус да сподели искуство?
Јас мила правев во систина во февруари на приватно .101 000 ден за пункција и 30 000 ден трансфер.Ниту еден преглед ниту па фоликуметрија не ми беше наплатена.Си плаќав за хормони во лабароторија,си ги плаќав стимулациите и цела терапија пред и после трансферот.Плус платив 49000 за замрзнување.Ако те интерсира нешто конкретно прашај ме