+38970222769 Ова е број за да прашаш дали ги има во сити мол горе на штандот или во бисер горе. Јас ги пиев долго време, од кај нив ги зимав.
Да, тоа е ера тестот, при што се добива точна информација кој ден и кое време да се изврши трансферот за да се постигне имплантација.Но кај мене овој пат сепак се случи имплантација иако кратко траеше.Скречинг секако сакам да направам.Од толку што сум разочарана од неуспеси сакам се што можам да направам.Друго се имам испитано, од генетски мутации, анти тела, хла типизација, хемостаза и се е во ред.Дури понекогаш кога гледам како сите успеваат природно од прв пат, се прашувам што толку не е во ред со мене, каде е грешката, колку се ова мачење не е фер
Ме интересира дали ДХЕА може да се пијат и покрај високи вредности од хормонален тест? Да не се предозирам
Колку високи вредности? Ако ти е во границите на нормала, не знам зошто би ги пиела. Не ги пијат сите овие суплементи. Обично се наменети за жени со послаби резерви и особено со слаб/лош квалитет на јајце клетки и ниско амх.
И јас ги пиев при ваква вредност, па стигна до околу 390. Кога пиша “високи вредности”, помислив навистина е висока вредноста, над граница.
Не се над граница,но пак се "височки" ,долната граница е 80. Никогаш претходно не сум го проверувала овој хормон , па не знам како да постапам
Од моето искуство, јас сама на своја рака почнав да ги земам (од читање по интернет), но за кратко време му кажав и на докторот на првата средба со него и тој ми одобри. Мислам дека нема штета да се земаат некој период, но сепак тоа е мое мислење, не сум стручна. Можеби е добро да му спомнеш на докторот. Можеш и да направиш анализа за да знаеш колку ти е дхеа.
Јас до сега го немам проверувано овој хормон, но ми ги препорача доктор да ги пијам по 50 мг на ден.Мислам дека на повозрасни пациентки го препорачуваат
Јас би ти рекла да не земаш ДХЕА на своја рака без консултација со доктор, особено без претходна проверка на оваријални резерви и други параметри како ниво на тестостерон, холестерол особено HDL, скриен шеќер и инсулинска резистенција. ДХЕА е хормон, а негово суплементирање може да ги покачи нивоата на андроген хормон во крвта и да има стероиден ефект. Особено треба да бидат претпазливи и да не го користат оние што имаат полицистични јајници и висок холестерол, бидејќи ДХЕА може да го редуцира HDL (односно „добриот“ холестерол). Лекот има и интеракции со одредени лекови за коагулација, така што тие што имаат проблем со коагулација и се под терапија исто не смеат да го земаат. Плус дури и да треба да го земаш, само доктор може да ти ја одреди дозата.