Девојки бидна мојата пункција, на природен (неплански модифициран циклус излезе (со 2 дена ×2 менопура) Имаше два фоликула, извадија 1 јк, а едниот фоликул беше празен т.е. не беше надежен од старт беше помал. Белким ноќеска ќе се фрлат на работа во медиумот, па утре да имам ембрионче. Ако имам убав ембрион сакам да го замрзнам. Уше ова да пробам А кога има трансфер со смрзнат ембрион, телото природно си ствара прогестерон со жолтото тело така, со оглед дека фоликулот прснува и не се вади? Готово, планот е направен . П.с. убаво ќе беше да имаше две јајциња.
Ноќеска се погодил медиумот Ми се јавија, имам ембрионче Како иде постапката сега за во систина, ...ми рекоа утре пак ќе се чуеме за кога ќе биде замрзнувањето? Обично на кој ден се замрзнува? од што зависи? Околу 49.000 мислам дека кошта, некој ми имаше пишано, така?
Браво мила, јуначето се изборило Не сум многу упатено околу замрзнување ама мислам дека ќе го чекаат да се развие до бластоциста.Нека кажат поискусните....
Браво,супер Моето се развиваше споро ама квалитетно Дури на шести ден го замрзнаа стигна до бластоциста
Ајде со среќа, баш ова ембрионче да ви донесе радост.Немам искуство во Систина но колку што знам од други, може да го замрзнат и на втори ден ако е се во ред.Обично се замрзнуваат на втори, трети или на петти ден зависно како ќе одлучат ембриолозите.
Ќе ми се јават утре и ќе прашам баш како е. а после пред трансферот читам кај некои веднаш го враќаат истиот ден кога се одмрзнува, а кај некои го чекаат, претпоставувам да се доразвие т.е. подели ако е порано замрзнато, така е или грешам. Има правило на успешност на ивф во зависност од тоа кога е замрзнат ембрионот или не?
За успешност од тоа кога е замрзнат ембрионот мислам дека нема врска, затоа што имало многу успешни инвитра и со ембриони од втори, трети и од петти ден.Ембрионите од петти ден се бластоцисти и се многу поразвиени од тие од трети или втори, но немора да значи дека успехот зависи само од тоа.Јас имам замрзнато ембриони од трети и од петти ден.Ми рекоа ако се прави трансфер на тие од трети ќе ги одмрзнат порано и ќе ги чекаат до петти.Но направивме трансфер на тие од петти кои ги одмрзнаа 2 часа пред трансфер.Ова за во Њуборн, незнам дали е исто по другите клиники.
А во Њу борн, за замрзнување колку се плаќа? Знам имаа пишувано околку 1100 евра е пункција и трансфер, ама ако е во еден циклус, а вака со замрзнување колку иде пукција и после тоа трансферот со замрзнати? Претпоставувам фоликулометрии не наплаќаат, барем во систина е така, само хормони си плаќаш во лабораторија.
За замрзнување јас платив вкупно 24000 денари односно 18000 + 6000 за чување до една година.Јас замрзнав 5 ембриони ако се замрзнува повеќе од 6 или 7 не се сеќавам точно колку, се плаќаше нешто повеќе.За фоликометрии не се плаќа дополнително, јас платив само за трансфер 33000 денари + терапија и хормони.
Супер, си имаш мразулци.а и цената прифатлива да ти кажам, во споредба со систина. ама па не ми се мења докторот, ептен ми е погоден.
За трансфер со замрзнати е 33000 За замрзнување до 6 ембриони 24.000 (1год за секоја наредна по 100е)
Моите ембриони се замрзнати на трети ден, кога последен пат се видов со докторот ми рече дека најверојатно по одмрзнување ќе ги оставаат да се развиваат до петти ден (иако за жал не секогаш сите тридневни ембриони стигнуваат до бласто, некои запираат со развој на третиот ден), и ќе вратат здравје боже две бластоцисти. Зависи од проценката на гинекологот и ембриологот, некои ги враќаат уште веднаш по одмрзнувањето, на трети ден, некои ги чекаат. Јас не се оптеретувам со тоа, како ќе одлучи докторот дека е најдобро, така, единствена формула на успех не постои . Во Ремедика колку што јас знам, на втори ден ниту замрзнуваат ниту враќаат ембриони, обавезно ги чекаат до трети.