А дали некоја има маил од имунолог или идеа како да најдеме контакт за консултација....бидејќи поради состојбава боље да не се иде нели?
Дали некоја деновиве правела ивф или планира да прави во Ремедика, ковид тестот го зголемиле од 2000 на 4000 ден.од човек? Само Ремедика бара вакви тестови?
Jас треба да правам скречинг наредна недела, Covid тест ми е закажан за понеделник. Цената е 2000 ден (таа сума ми стои на ливчето од Ремедика)
Јас проверив Хомоцистеин во Хемолаб, цена: 1200 ден. Имам добро искуство со испитувања и резултати кај нив. (БиоТек е 800 ден, РамусЛаб 750 ден - ова од инфо од нивните веб-страни). --- ---
А од кога е ова инфо за 4000 ден? Јас во вторникот бев, и ми закажаа ковид тест за следен понеделник, цена 2000 ден. Исто моја другарка правеше трансфер оваа недела (Ремедика), плати 2000 ден.
Немаш гајле, ако си хомозигот на А1298C па ич не треба да се секираш, тој не воопшто не го сметаат за клинички сигнификантен. Ако е другиот полиморфизам, C677T, тогаш фино би било да примаш метил фолат. И без сите овие мутации, на сите жени и така и така се препорачува пред бременоста и во првите 3 месеци да внесуваат 400 - 800 mcg фолна киселина дневно, во наш случај мора во активна форма бидејќи мутацијата на генот ја спречува истата нормално да се метаболизира во организмот.
Денес две вработени ми кажаа, до сега користеле плазма од болницата и можеле да компензираат ама снемале и морало сега да е реалната цена 3950 ден???
Јас натедна недел ќе правам трансфер со замрзнати во Систина,никој не ми спомна за ковид тест.Не бараат во Систина
Мислам дека е добро да се јавиш и да си провериш за секој случај. Пошо пред влегување во сала мислам дека им е задолжително скоро секаде, бар засега.
Здраво феминки, прв пат пишувам али ве читам постојано. Во процес сум за прво ин витро, сега собираме докумени па се надевам дека ќе биде ок. Тука прочитав дека доста од вас нарачувате лекови од iherb, како што гледам на страната пишува царина не е вклучена во цената. Прашањето ми е дали плаќате царина и како иде тоа?
Така ми кажаа во вторникот кога се јавив да закажам. После се јавив во ЊуБорн таму не бараат ковид и таму ќе правиме. До 90 евра не се плаќа царина. Имав нарачка околу 80, не платив ништо. Тоа е за регуларна испорака, не нарачувај преку дхл таму кожа дерат, ддв, лежарина, достава што не.
2000 да не е тој брзиот? 3950 е ПЦР тестот, маж ми сега во средата правеше. Заради оперативен зафат таму што прави, му го бараа.
ме поттикна да си ги видам резултатите,....хетерозигот сум (еден алел ми е мутиран на C677T, а на А1298C ми се нормални и двата). Лелее во заблуда сум била. Може затоа на почетокот не ми давале метилирана