Успеав го земав по тел ништо не кажуваат,маил не добив и во пошта исто така нема траг,имало и во четвртокот комисија така да ти и @Sienna_MK сигурно сте поминати јаа морав да "убрзам" зошто бев почната со терапија... ве чекам со добри вести понеделнички
Сакам да прашам дали некој имал искуство со испитување на исулин г фактор, бев во хемолаб и др.кочо ми го предложи тоа испитување, немам проблем со шеќер и оничниот исулин ми е нормален
Дали си го испитала какво искуство имаш? Дека кај мене амх е многу ниско 0,137 а фсх се движи од 8,5 до 12
Ete na mojot partner mu e dijagnosticiran karcinom na debelo crevo. Treba da se resime od toa pa da se obidmi e uste ednas ovoj pat so donirani verojatno ke morame, a vremevo si leta.
Почетокот на процедурата треба да е во рок од 6 месеци. Нема лимит за до кога мора да заврши. Не се секирај. Ако од некоја причина трансферот се одложува за покасно, ваучерот сеуште важи. Ова ми е проверена информација и со правна служба во Систина и со Др. Лазаревски и од лично искуство од првиот трансфер. Вториориов трансфер (со втор ваучер) ми е исто така одложен за понатака.
Епа да, АМХ е низок, затоа ти рекол и ИГФ-1 да го провериш, обично го испитуваат како дел од пакет за оваријална резерва зашто дава многу детална слика за состојбата на јајниците и со каков ИФВ протокол би требало да се оди. Јас не го имам испитувано, кај мене ФСХ е висок ама и АМХ е исто многу висок и добро реагирам на терапија, така што сега за сега нема потреба.
Јас кога испитував AMH испитав и IGF-1.Навистина не ми беше јасно за која цел го испитував, пребарував на интернет ама не успеав да добијам конкретен одговор.Знам дека ми беше во граница на нормалните вредности но ме интерисира доколку си запознаена која би била најдобра вредност, дали би било подобро повисока или пониска вредност и што конкретно означува вредноста на IGF-1?
Како што сватив изгледа е подобро да е повисок ама за точно ќе ти пишам во понеделник кога ќе ми кажат
Рекоа да го испитаме па ќе ти кажеме ш Јас не ни реагирам на терапија секогаш една до две вадат на последната пунквија имаше 2 фоликули и беа празни
Колку е повисока вредноста на Igf1 толку е подобро.Нормални вредности се од 100-300.Мене ми беше 150 и ми предложија рејувинација на јајниците за да се покачи вредноста.Направив рејувинација ама не даде позитивен резултат.
Фала не го прашав докторот да не искочи праам малер,ама некако неам мн. фоликули па си праам сценарија,кај тебе зошто се пролингира?
Не мила, маж ми правеше микротесе кај Александар Мицковски во Ремедика, со азоспермија сме ние. Операцијата траеше околу еден час и таму лежеше уште 3 часа. И да споделам убави вести. Интервенцијата помина успешно. Добивме доволно материјал. Си го земав маж ми дома пред малце, среќен пресреќен, му падна товар од срце. Да можеше да скока, не знам што ќе правеше низ дома Материјалот го замрзнавме и сега можеме да си аплицираме за ваучер. Со господ напред, ќе пристигне и најпосакуваното за нас. За сите со ваков проблем, од срце ви го препорачувам докторот. Им благодарам многу на феминките кои ми го препорачаа и го имаа споделено нивното искуство со ова. Во бунилото кога дознавме за дијагнозата, вие ми бевте спасот да не лутаме, и да знаеме точно каде да го бараме решението. Здравје нека биде се во ред само, планирам еден куп војничиња да ми трчаат по дома Спојлер П.С маж ми е воено лице