Дали може ФСХ да се покачи од примени стимулации? Прв пат ми излегува вака висока вредност на ФСХ 12,9 (референтните вредности се од 2,8 до11,3), а секогаш ми била вредноста под 10 до сега. На крај на март и почеток на април имав ивф на природен модифициран циклус при што примив 8 мерионал, 2 мериоферт и 3 цетротиде. Колку време според вашето искуство би требало да помине за да се нормализираат хормоните? Сакав да поднесам документи за ваучер за инвитро, дали со ваква вредност на хормонот би ми одобриле или прво да пробам да го средам и дали воопшто може да се среди? Инаку, другите хормони ми се во рамки на референтните вредности.
Девојки за тие што имавте неуспешно инвитро, каков ви беше циклусот после тоа. Јас имав неуспешно инвитро (биохемисика бременост). Четири дена после тоа, добив но ми траеше само еден ден вчера и денес како да ми завршува. А треба да правам хистероскопија. Ме интерисира дали ви беше се нормално или имавте било какви промени после инвитрото?
Кај мене беше нормален циклус, како и секогаш. Со тоа што јас имав ивф на природен модифициран циклус, ако тоа нешто значи.
Секогаш различно, но во принцип, првиот ден доста обилно, а после 2-3 дена оскудно. Нормално е тоа, не се грижи.
ФСХ е хормон кој многу варира, барем кај мене било така. Дури и да не си правела инвитро вредноста може да се менува.Не верувам дека инвитрото на природен модифициран циклус би можело да има толку големо влијание.И мислам дека не би требало вредноста од 12 да ја гледаат како проблем во Фондот. Мој совет,сепак можеш да пробаш да ја намалиш вредноста па да испиташ уште еднаш. Кај мене од 10 за неколку месеци ми се спушти на 5.Дали суплементите имаа некакво влијание или само од себе варира навистина незнам. Но може одреден период (ако не се брзаш за ваучер) да пробаш со користење на суплементи за да ја подобриш вредноста.Пробај со смокви во маслиново масло (по две-три на ден) и коензим q10 убиконол. Може е потребно и некое време после процесот за да се нормализира.
Мила на Now се 90таблетки 1600ден 1000мг @Маја Т циклусот може да биде и обилен и оскуден...незнам која е препораката на докторот но да сум на твое место на следниот би правела хистеро па по неа на следниот трансфер ... но сепак ти си знаеш најдобро ...
Да, моја грешка, од што гледав милиони, од кои да нарачам, сум утнала, Така е 90 таблетки, 1600 денари.
@Маја Т циклусот може да биде и обилен и оскуден...незнам која е препораката на докторот но да сум на твое место на следниот би правела хистеро па по неа на следниот трансфер ... но сепак ти си знаеш најдобро ...[/QUOTE] Знам, може така најдобро би било. Докторот ми предложи сега, ама навистина незнам што да правам. Би сакала да правам и скречинг а знам дека трансфер обично се прави веднаш следниот циклус.А јас кога би правела повторно трансфер сигурно би било септември.
Ти благодарам на одговорот. Најверојатно ќе почекам циклус или два па ќе проверам хормони уште еднаш и се надевам дека ќе успеам да го симнам барем во граница на референтните вредности. Ќе пробам со смоквите со маслиново. Мислам дека некоја од членките овде имаше пишано дека толерираат вредност до 12,5 за ФСХ во Фондот. А дали ти е познато, тебе или на некој друг, бидејќи пијам Имприл 1х1, дали може да внесувам и други суплементи освен Имприлот? На пример, може ли да се користи и коензим q10 убиконол заедно со Имприл?
Секако дека можеш, Имприлот немаат во состав коензим q10, па пожелно е дополнително да внесуваш. Само гледај коензим q10 да го внесуваш во форма на убиконол затоа што многу подобро се апсорбира во организмот.Кај нас мислам дека имаше само на now, што се прилично скапи а во доза од само 50 мг.Најдобро е ако можеш да ги нарачаш преку интернет.
Мила, нормално е ФСХ-то да варира, еве јас сум пример за тоа, пред 2 години кога почнав со инсеминации прво мерење ми беше 11, после тоа со стимулации со кломифен ми се качи на 14, кога правев ин-витро со природно модифициран циклус ми беше 17, во меѓувреме земав дхеа од 50 мг и после 3 месеци падна на 10,кога правев ин-витро со стимулации се качи на 19, тогаш се консултирав со докторот што ми го правеше ин-витрото и рече дека тоа е нормално, од месец во месец варира зависи колку фоликули ќе се формираат и толку и ФСХ-то ќе се лачи,стимулациите што ни ги даваат е за покачување на ФСХ за раснење на фоликулите.После тоа пак ми се спушти на 13 и тоа ми е последно мерење.Ако многу те загрижува можеш да си провериш АМХ за да видиш како стоиш со резерви,ако ти е над 1 нема да имаш проблем за во Фондот.Каква ти е вредноста на ЛХ-то и на естрадиолот, мислам дека вредноста на ЛХ треба да биде 2:1 во однос на ФСХ. Немој премногу да се замараш со овие бројки,побитно е како ќе изреагираш на стимулации и како ќе се развиваат ембрионите Во секој случај провери ги хормоните следните 2 месеци, во меѓувреме пиј суплементи, јади здрава храна и ќе падне вредноста Со лесно мила!
Пред месец бев кај Органџиски, ми даде совет за инвитро бидејќи едниот јајник ми е опериран и нема фоликули, а другиот мн.малку има. Исто така имам две автоимуни болести хашимото и лупус, и мутации за кои пијам метил фолат и аспирин, со забременување морам и клексан и имам покачен пролактин. Имав два спонтани со природно забременување. Сега закажав во Плодност за уште една консултација, но некој ми го препорача Петановски во Ремедика. Ве молам за совет каде е подобро.Извинете на долгиот пост, убав ден
Кога мене доктор ми го воведе Impryl, од терапија ми ги исфрли сите други антиоксиданси. Повеќе не пијам ниту витамин Ц, ниту омега 3, ниту ubiquinol, а ми ја зголеми дозата на витамин Д и плус ми воведе магнезиум и витамин К2 (ова е препорака за суплементи по повеќе направени испитувања). Почнав одма со новиот режим на суплементи, а на интернет го најдов следното објаснување: "We strongly discourage taking Impryl alongside strong direct antioxidants such as vitamin C, CoQ10, selenium and so on. These substances may induce ‘reductive stress’ that may negate the benefit of Impryl.“ Имаше и друга членка на форумов која токму за ова го имаше директно контактирано производителот на Impryl, кој и објаснил дека пиење други антиоксиданси како овие што ги спомнав паралелно со примање Impryl ќе го нарушат антиоксидативниот баланс на лекот. Гледам дека си правела ин витро на природен модифициран циклус. Impryl ти е препорачан од доктор? Дали имаш проблем со резерви на јајце клетки? Ако е тоа проблемот можеби е подобро да пиеш Ovunorm или да земаш суплементи и антиоксиданси за подобрување на квалитет на јајце клетки во поединечни дози.
Кој каде е имал успех тој доктор ќе ти го препорача.Еве јас на пример имав два неуспешни ивф.кајОрганџиски а третото кај Др.Петановски.Иди и на др.консултации па ти најдобро ќе си одлучиш.Не игра само улога докторот,влијае и самата лабораторија што ја имаат,какви ембриолози имаат,апаратура.и ред др.работи.Нема гарнација 100% никаде.Каде и да одлучиш со среќа и нека има успех.
Интересно објаснување за Impryl. И јас го пијам, по препорака на доктор. Но, пијам и Q10 и вит. Ц, Е, Д и омега-3. Ме замисли. Ако го имаш линкот каде што ги најде информациите, може да го постираш овде?
Здраво, објаснувањето е преземено од овде: https://www.fertilityfamily.co.uk/impryl/faqs/ Јас не знам дали мене докторот ми ја препишал терапијата без тие антиоксиданти имајќи го предвид тој податокот за лекот, или ја земал предвид само состојбата на мојот метаболизам. Јас добро реагирам на стимулации и АМХ не покажува дека имам слаби резерви на јајце клетки, кај мене проблемот е нарушениот метаболизам на шеќер/инсулин, недостаток на витамин Д и МТХФР мутациите.
Ke moze li nekoj da mi kaze 4D koga se praveshe (vo koj period od ciklusot) ili nema vrska koga? Sum zaboravila,a ke treba da go napravam
Mislam deka treba da e 21 den od ciklus....jas koga go pravev imase zena sto ja vratija i bilo rano...