Девојки да споделам информација, од сабајле ги добив од Фондот после упорно вртење, мојит предмет денес е земен на разгледување, следната недела ќе ми пратат одговор по пошта, се надевам дека ќе биде ваучеротДокумантите ги поднесов на 20 мај па ако на некоја и треба информација за ваучер нека врти од 9-12 на броевите на секретарите што завршуваат со 016 и 068
Со среќа мила, можеш пак да и се јавиш следната недела и да си го земеш од кај нив, да не чекаш да го праќаат по пошта.Ајде само среќа да ти донесе овој ваучер
Не е ништо страшно, секоја втора ги има истите резултати и буквално сите имаме некаков ризик фактор за тромбофилија. Поради хомозиготност на MTRR A66G мислам дека би требало да испиташ и хомоцистеин, зашто можно е да е покачен, a поради PAI-1 можно е пред/по трансфер и за време на бременост да примаш антикоагулантна терапија. Докторот ќе знае што ќе треба
Поради хомозиготност на PAI-1 и хетероз. на еден МТХФР стандард клексани и метилфолати ми кажа Др. Ивановски и тоа откако дознав дека сум бремена по природен пат, значи и за забременување сигурно може кај некои без проблем. Почнав да пијам само метилфолати уште кога ги земав резултатите.
Сега на последново мерење ФСХ ми е 12,9, ЛХ ми е 6,8, а естрадиолот ми е 101. Инаку, пред ин витрото на природен модифициран циклус и ФСХ и естрадиолот ми беа со помали вредности. Со примени 8 мерионал, 2 мериоферт и 3 цетротиде имав извадено две јајце клетки од кои само една се оплоди и ми вратија еден ембрион, ама без успех. Немам претстава колку стимулации се примаат при класично ивф и колку јаце клетки се вадат, а не го прашав докторот дали според примената терапија е добар бројот на јајце клетки кои ги имав јас. АМХ немам проверено сеуште, никој ми нема спомнато, а сум била кај тројца специјалисти до сега. Имприл ми препорача докторот пред да правам ивф, а јас продолжив да ги пијам и после тоа. АМХ сеуште немам проверено, никој од докторите кај кои што сум била до сега ми нема кажано да го проверам и ова. А овунорм нели се повеќе за полицистични јајници?
Мила, ако одиш преку Фондот, они покриваат 30 инекции, ако треба да примаш уште од тоа(зависи како ќе процени докторот) се доплаќаат, ама мене ми беа доволни и извадивме 4 ј.к клетки од кои 2 се оплодија и тие ми ги вратија.Ова беше лани во јули месец.Ова не значи дека кај тебе ќе биде истата состојба, зависи од повеќе фактори.При стимулирање со природно модифициран циклус примав 5 дена кломифен од 50 мг по 1 на ден и 2 мерионали.Тогаш извадивме една ј.к ама за жал ембрионот не се развираше.Ти добро си поминала, кога со помала стимулација можеш да дојдеш до ембрион.Нема потреба да се грижиш за твојот ФСХ,не е пресудно за тоа колку фоликули ќе имаш и како ќе се развиваат.Со класично ин-витро мислам дека ќе извадиш повеќе ј.к и ембриони.Дали планираш да правиш класично ин-витро?Ти посакувам успех!
Да, наредно планирам да правам класично инвитро, па се надевам на повеќе јајце клетки и ембриони. Само што никако да успеам да ги комплетирам документите за ваучер. Прво имав бактерија стрептокока на брисеви, додека ја средив и направив нови брисеви ми истече важноста на хормоните, па морав да правам нови и сега ми излезе проблем со покачено ФСХ. Се надевам дека за месец два ќе ги средам и хормоните па ќе поднесам конечно документи за ваучер. Ти благодарам многу @Sienna_MK на одговорот, ти посакувам и тебе ваучерот да ти е одобрен и да го искористиш со успех.
Фала ти мила на желбите, повтори ги хормоните следниот месец, верувам дека ќе се намали вредноста,во меѓувреме, земај витамини, релаксирај го телото колку можеш.Ти посакувам следниот месец да си поднесеш документи
И мене тоа ми го кажаа. Предадено ми било барањето, неделава кога ќе имаат комисија ќе ми го разгледале. Мислам дека утре ќе имаат комисија,обично четвртоци се собираат. Или денес ти кажаа дека ќе има?
Не ми кажаа кога ќе има комисија, жената беше во хаос.Инаку денес др.Трајковски ми рече дека секој четврток имале комисија. Па да се надеваме дека утре ќе завршат работа со насСледна недела пак ќе вртам
Ако важноста на документите ти дава можност да почекаш, измери повторно хормони, не испраќај со оваа вредност на фсх од 12,9. Во кои единици е мерен естрадиолот? Ако е во pg/ml 101 е висока вредност за добивање ваучер, ама ако е во pmol/l тогаш е добар. Еве извадок од правилникот за БПО Ако фсх е над 12,5 и естрадиол над 60 pg/ml тогаш може да ти бараат да испиташ амх и треба да биде над 1, а бараат и бројот на антрални фоликули да биде над 5 и во зависност од тоа одобруваат ваучер со твои или со донирани ј.к.
Девојки најнова информација доколку некоја планира да испита кариотип може на државна во детска клиника еве денес јас бев испитав, резултати не се знае но некаде месец дена секако се чека.Кошта 700 ден. со упат од матичен кои треба да гласи под шифра генетско советување за во амбуланта кај Др Шукароска па потоа таа изготвува упат за кариотип и завршувате работа...
Супер, фала ти најмногу на информацијата.Те молам само кажи ми упат од кој треба да земам? Дали од матичен лекар или гинеколог? За сопругот претпоставувам од матичен лекар?Едит:Сега видов дека си пишала за упатот, извини, значи може и од матичен лекар.
Од секогаш може на детско да се испитува кариотип. А и резултатите овде побрзо излегуваат Ти почна со испитувања, а?
Мила ако четврток е комисијата во петок ги пуштаат пред крај на раб време за праќање (и саб или понеделник стигаат ) ова за Ск
Јас земав и замене од општ матичен генекологот неможеше да најде шифра за во детска клиника затоа нагласи кога ке зимаш упат под шифра генетско советување ке ти го признаат било од каде само да ти нагласам хаос е таму ке чекаш многу јас 4 часа чекав но битно ке завршиш работа