Да почнав неможам да седам мирна испитав тромбофилија и тоа не штима бев и кај др Лазаревски рече секој ден по 1 имприл и наредниот пат клексан после ет полека се поклопуваат работите белки следниот пат ке биде само здравје..
А девојки, има ли некаков показател што укажува дека има тромбоза? Мене тромбоцитите на кс ми се добри ама еве на пример ми излагаат често модрици на нозете и се случува да ги чуствувам тешки некогаш, значи ли тоа нешто?
Хммм, ме замисли сега, значи да си отидам јас во петок на пладне, на прозорчето да си прашам пак, сега знам дека предметот ќе ми биде разгледан,па да не чекам пошта.Фала ти мила
Ама не идат секој ден на работа секретарките перидов. Еве минатиот петок не беа. А они се тие што ги праќаат.
Со испитување на мутации за тромбофилија ќе можеш да знаеш дали си со предиспозиции за тромбоза... конкретно јас по високи ддимери испитав и мутации ... не би знаела дали некој симптом имав предходно за да ти кажам со сигурност...
ОК е, продолжи си со Имприлот штом за него имаш препорака од доктор. Овунорм помагаат при полицистични јајници поради мио-инозитолот што го имаат во составот ама не се стриктно за полицистични јајници, доктори ги препорачуваат генерално за подобрување на квалитет на јајце клетки и плодноста и кај многу други жени бидејќи во составот имаат повеќе важни антиоксиданси. Околу ФСХ и естрадиолот - високи ти се и двата на трет ден, многу често висок естрадиол ја маскира вредноста на ФСХ (го намалува), и во такви случаи е пожелно да се испита и АМХ со цел да се добие поконкретна слика за резервите на јајце клетки. Но, со оглед на тоа што ти рекле дека добро реагираш на стимулации и се создаваат јајце клетки а испитување на АМХ не е евтино (на ГАК поради ситуацијава се уште не може да се провери со упат), не мораш да брзаш со тоа. И во мојот случај ФСХ е многу висок, па на стимулации добро реагирам и не се секирам премногу. Ако аплицираш за прв ваучер мислам дека нема ни да ти побараат дополнително испитување на АМХ, ако не грешам.
Девојки алал да ви е, ептен ми е мерак да ве читам, какви детални објаснувања давате @ladystardust @DTN
Мила ,јас сум хипо/хашимото и пијам еутирокс 75 преку недела, 100 за викенд, и по препорака на доктор ДХЕА од 75, плус селен витамин Д3, витамин Ц, метилирана фолна и Б12 , цинк, магнезиум и елова.
Девојки јас од денес (втор ден) почнав со Бемфола. Со краток протокол. Како иде после тоа? Колку пати се иде на преглед пред пункција? На кој ден обично е пункцијата? Фалаа
Околу 14тиот ден... од прилика 3-4пати мислам се идеше на ехо хормони ќе ти испитаат на почеток и некој ден пред пункцијата ...
Со лесно мила, да вроди со плод и да се израдуваш со 2 цртички Јас бев стимулирана со бемфола лани летото, мислам дека беа 5 дена по 300 единици, значи по 2 бемфоли од 150 единици од едната и од другата страна на папокот, после тоа имав мерионали ама не се сеќавам на дозата и цетротиде 4 дена пред пункција, стоп инекција и следи пункција.Имав 3 хормонални мерења на ЛХ и на естрадиол, и 3 ехо преглед.Со кратол протокол брзо оди за 14-15 дена си готова после тоа ќе си галиш меше. Каква е твојата шема, ти рекоа?
Благодарам на инфо и на поддршката. Дај Боже кај сите за брзо Слична на твојата ќе биде шемата. Засега исто х2 од 150, па др рече ќе видиме.
Здраво девојки, Каде точно, на која адреса се доставуваат документи за апликација за ваучер за ин витро? За во Скопје прашувам....
Јас моите ги поднесов кај спомен куќата на Мајка Тереза, позади Рекорд ќе му дојде,ќе одиш од лева страна ќе видиш на врата налепница од Фондот за здравство и ќе тропнеш на прозор, ако си во можност однеси ги лично
Фала за инфо. Ќе одам лично и за да се распрашам на колку време се состанува комисијата, за колку време го одобруваат ваучерот и сл., па да се пуштам и ја у оваа авантура.
За комисија ми рекоа дека секој четврток се состанува а можеби и 2 пати неделно, не сум сигурна.Јас моите ги поднесов на 20 мај а утре ќе ги разгледуваат, значи месец-месец и пол има чекање.Добредојдена си во оваа авантура и кратко да ти трае
Здраво јас почнав со долг протокол за ivf veke 13 ден ми е откако пијам микрогинон бев на ехо и докторот виде мал полип ми рече ке го следиме. Рече Ако расте ке замрзнеме ембриони па ке правам хистеро Прашањето ми е дали некоја правела ин-витро со полип и пречело тоа или....?