Во pg/ml е мерен естрадиолот. Ама како што кажав, првпат ми излегуваат вакви вредности на хормоните. Пред 7 месеци ми беше ФСХ 6,7 а естрадиол мислам околу 60-70, не повеќе. Затоа мислев дали некој друг има искуство да му се нарушиле хормоните од примените стимулации и плус терапијата после трансфер (естрофем 2х2, фраксипарин 1х1, утрогестан 3х200, декортин). Ти благодарам многу на споделеното мислење, во секој случај ќе проверам хормони повторно. Во однос на тоа дали реагирам добро на стимулации реков дека не знам дали е добро со примени 8 мерионал, 2 мериоферт и 3 цетротиде да се извадат само две јајце клетки (од кои само една се оплоди). Немам претстава колку инекции се примаат при класично ивф за да споредам дали ова што јас го примав е мала стимулација или не. Знам дека АМХ би ги решил сите дилеми, па следно би го испитала тоа. Во секој случај ти благодарам многу на споделеното мислење. Фала ви многу @ladystardust и @BlackHole на споделеното мислење. Фала им и на @Sienna_MK и @Маја Т, секако ми помогнавте малку да ми се разјаснат некои работи. Имам закажано и на гинеколог, па секако и со него ќе се консултирам за ова.
Има големи шанси хормоните да ти се во дисбаланс од примените стимулации и лекови после трансферот. Се препорачува бар два циклуса (оптимално три) да поминат после неуспешно ин витро, па да се провери хормонален статус. Инаку бројот на пунктирани јајце клетки не секогаш зависи од бројот и јачината на примените стимулации. Тука има повеќе членки кои при класично ин витро (долг или краток протокол) воопшто не реагираат на терапија и не добиваат јајце клетки, или добиваат неквалитетни јајце клетки кои не можат да се оплодат, а на природен и природен модифициран циклус со блага стимулација успеваат да добијат и повеќе и поквалитетни. Се сложувам, АМХ би ги решил сите дилеми. Сега се сетив дека со упат АМХ можеш да провериш и на Клиничка биохемија каде во моментов нормално работат, ама таму е чиста среќа да начекаш да имаат реагенси.
Честитки! Ти посакувам успех од прва! И сл лесно да врви... Ме интересира и мене кога и каде планираш да правиш со оглед дека е ем лето ем со Covid-ов се комплицира. И дали знаеш кои лекари се во комисија во фондот? Веројатно се потпишани на решението....
Фала ти!Не се комплицира ништо, најнормално си работат сите. Во њуборн ќе правам. Не знам кои лекари се зошто денеска преку секретарката ја дознав информацијата, наредна недела ми рече дека ќе ми стигне преку пошта па ќе ти кажам тогаш
Јас правев во Њу борн, во врска со сегашнава ситуација нема некои потешкотии, нормално протокол на влез, маска и слично. Штом ќе го добиеш решението можеш одма да почнеш. По завршување на циклус одма појди да се договорите за тарапија.
Постапката за одобрување е релативно брзо, нас ни одобрија за 2-3 недели, мислам дека секоја среда имаат состанок. Инаку не се секирај одобруваат на сите што имаат добра документација. Меѓутоа треба да знаете дека фондот не покрива се. Од прилика имате давачки уште 500-600 евра ( тарапија, мрзнење итн).
Јас имав полипи пред ивф.Прво ми правеа хистероскопија па тогаш ивф.Претпоставувам така ќе ти препорача и тебе др.Велат дека хистероскопија ја зголемува шансата за успех.Среќно!!!
Срцка, ќе се дружиме, и на мене ми го одобрија, добив маил сега Наредна недела по пошта ќе ги добиеме! Ептен сум среќна, ќе го подновам следниот месец
@LunaGrey и @Sienna_MK честитки за ваучерите, следно очекувам успех со нив и ве чекам во другите теми
Фала ви девојки на поддршката, многу ми значи , не знам што би правела без сите вас тука.Конечно после година дена чекање и јас да почнам да работам на планот бебе
@Sienna_MK @LunaGrey честитки за ваучерите сега ајде да ги видиме и очекуваните 2цртки.... па следно лето со бебушите да шетаме