Девојки,денес го слушнав срценцето. Се е во ред,фала му на Бога! На сите Ви ја посакувам оваа среќа од срце!!!
Не пишува ништо , обичен лист-известување е и потпишан е како комисија за остварување на право на бпо и еден потпис има само. Денеска ги испраќаат по пошта барањата, спремни им беа, три купчиња пликоа,така да сите ќе стигнат наредна недела, за сите градови претпоставувам, пошто многу имаше. Сите што имате поднесено очекувајте ги наредна недела
Сепак си го зема Мила, нека ти тече постапката со леснотија и да вроди со плод,да се израдуваш со две цртички, јас мојот ќе си го чекам
Фала ти, истото го посакувам и за тебе па бев во близина и викам ќе тркнам и среќа одма ми го дадоа без проблем
Девојки може некоја од вас да ми ја прати потребната документација за апликација за прво ивф во фзом? Фала ви
Плус инсеминации И инфективниот скриниг(хептит,хив) од двајцата треба. Обрасците се на страната на фзо во делот за ивф, од таму ги испринтав јас. Личните карти и венчаницата копии им дадов. А книшката не ми ја побараа кога поднесував ама нека ја носат.
Се ми беше во оригинална верзија освен венчаницата и лк. Од се си направив копиии и им ги дадов и тие,и едно печатче ми удрија и ми ги вратија. Фала ти
Девојки некој во последно време да е бил во Плодност да сподели искуство од аспект на безбедност заради вирусот. Благодарам
Влегуваш низ тунел пред врата, со прскалки внатре со дезинфициенс и сунѓер со средство за чевлите. Внатре не пуштаат партнери, сама влегуваш. На врата дезинфицираш раце обавезно, има средство. Носиш маска на лице. Ти мерат температура, па се пријавуваш на шалтер. Персоналот носат заштитна облека, маски, визири, докторот исто. Во ходник чекаат многу малку внатре. Кога и да одам повеќе од 5 пациентки разредени не сум видела. Доста се внимава на мерките за заштита.
@LunaGrey @Sienna_MK честитки за ваучерите, што побрзо две цртички и наредно лето да шетате бебушките