Девојки,идни мамички, во понеделник треба да правам тест после прво ин витро. Толку ми е страв, имам симптоми како за добивање т.е ни јас незнам какви симптоми имам, се ми е измешано со тарапијата, не си го познавам телото. Се ќе истрпам само да видам две линии. Дајте ми совет каков тест да купам за сабајле во понеделник, и дали каков и да е исходот морам да правам тест на крв. Ви благодарам највеќе.
мислам дека ти е подобро преку крв, зошто тестовите некогаш знаат да покажат позитивно од стимулациите и стоп инекцијата,а да нема бременост. преку крв секако мораш да направиш за да видиш колкава е вредноста на бета хцг. среќно
Оди во понеделник од сабајле дади крв за бета, купи си било каков тест за бременост и додека го чекаш резултатот направи го, така ќе си ги видиш двете цртички и плус ќе имаш резултат од бета Со лесно мила, те чекаме со убави вести!
Поздрав Јас сум нова во форумат инаку долго време ве следам . Сакам да прашам дали некој од од вас има искуство со сперм ДНА фрагментатион , што точно се испитува и колку кошта ова анализа? Бладодарам
Со ДНА со ова се зголемуваат податоците за мофрокинетичките параметри на серматозоидите и се добива многу јасна слика за можноста пациентот да фертилизира јајна клетка поедноставно кажано подетална слика од обичен спермограм... Среќно
Мила јас бидејќи отсекогаш бев физички активна си спортував до пред пункција,мене така ми беше многу подобро.Според мене слушај си го телото и секако консултирај се со докторот
Женски имам многу фостимон,дали на некој ви треба една кутија 10е само да не ми стојат ако ви треба пишите ми ????
Јас треба да правам хсг, истражував дека не би требало да е болна процедура, но некое ваше искуство, како поминавте, какво е чувството, дали е болно?
Јас правев воопшто не беше болно,малку нелагадно кога ми ја ставаа опремата ништо страшно не е,исто кога ти земаат брисеви.
Мила, ова е индивидуално, јас лично не почувствував болка, имав проодни канали, за мене беше малку непријатна ситуација, бидејки ти ја креваат карлицата за да вбризгаат течност и да направат снимки. Постапката трае кратко. Можеш да си земеш и нешто за болка пред да одиш, јас лично не земав ништо за болка и среќа не ме болеше.Сум читала за некои дека е поболна постапката ради непроодност на каналите. Каде ќе правиш ХСГ? Со лесно мила!
Јас правев хсг зимава имав непрооден десен канал но добро поминав без болка осеќав само нелагодност додека траеше процедурата а и потоа. Само не треба да се стегаш. Ми дадоа само антибиотик 5 дена после хсг дапијам