Е пред пункција па баш и не мораш да спортуваш кој знае колку. Мош имаш појќе фоликули. Јас би си седела мирно тие денови И каков е тој спорт без напрегање? Шах, можеби
Здраво девојки! Некоја да сподели искуство со природен модифициран циклус? Колку фоликули сте имале? Ме интересира исто до колку макс фоликули може да се пунктираат без анестезија?
Јас имав ивф на природен модифициран циклус. На шести и седми ден од циклус примав по два мерионали, осми и девети ден мерионал+цетротиде и десети ден мериоферт+цетротиде. Со оваа стимулација имав две јајце клетки од кои една се оплоди, вратен еден ембрион, ама без успех. Терапија после трансфер: естрофем 2х2, утрогестан 3х200, декортин, имприл, аспирин и фраксипарин. Пункцијата беше со анестезија, така процени докторот. Инаку не знам до колку фоликули пунктираат без анестезија. Ако нешто друго те интересира, прашај.
На 11 ден ти беше пункцијата? Трансферот со бластоцист? Те читнав наназад немаш класично ивф правено досега така? Мене ми дојде некако чудно само два фоликули...а на класично ивф имам и по 20...некако се надевав на повеќе...
Хаха даа може шах и табла ама да гледа да не се истегне хаха бубче ме изнасмеа... Шо убаво се прочитав сама спорт без напрегање смешки Бравоо.. Честиткиии супер гали меше сега и уживај во бременоста...
Devojki, vie koi dobivte vaucer, na koj datum vi e odobren vaucerot ili na koj datum e praten, dali pisuva?
На 11ти ден вечерта примав стоп инекција, а пункција на 13ти ден. Трансфер имав на втори ден. Немам до сега правено класично ивф. Ова ми беше прво. А во однос на бројот на фоликули, не знам искрено да ти кажам дали е малку во однос на количината на стимулација која ја примав. Знам само дека кога мерев естрадиол на 10ти ден. докторот рече дека е одлична вредноста. А и како што читав, при ивф на природен модифициран циклус ретко да има повеќе фоликули од два-три. Веројатно затоа што се прима помала стимулација.
Мила, јас ги пратив документите на 20 мај, одобрен ми е на 2 јули и сега го чекам по пошта да ми стигне Ти кога ги прати документите? Мислам дека по правило треба да се има чисти микробиолошки брисеви, бараат седиментација, ама еве на мене кај Толовски кога правев пред 2 години не ми побараа ништо од тоа, а на ГАК бараат се', дури и ПАП со микробиолошки. Во Плодност ти побараа?