И јас кога правев хсг кај Толовски во 2019 година ми бараа само седиментација, друго ништо. Знам дека тогаш се јавував и во Систина исто ми рекоа само седиментација.
Точно на државно бараат се, а приватно конкретно Систина лани, носев и седиментација и брисеви не ми побараа, на крај кога заврши снимањето кажав имам дали требаат, одговорот беше па добро е штом сте ги направиле, и не ги ни видоа. Ама даваат антибиотик обавезно 5 дена после тоа.
На приватно Не бараат, ама пожелно е да имаш чисти брисеви зошто недај боже ако имаш бактерија може да навлезе и во матката па да си направиш поголема беља. Вака , чисти брисеви и мирна глава
Честитки мила Мора да има датум на одобрување и откако е одобрен стига за максимално 7дена да се има право на приговор (ако не е позитивен одговорот) Секогаш е така... со тоа што на приватно може и да не ги бараат задолжително но ако немаш испитано брисеви недајбоже полошо можеш да направиш за себе... За Ск обично ден два кога го дпбив ваучерот петокот ми беше одобрен во пон.го имав...сега ради ситуацијава ако не денес до утре би требало да ти стигне... а и секаде гледаат да запазат ради можен рок на 8дена за приговор ако не е одоврен на пример
Феминки, ќе поднесувам документи за втор ваучер, па да се проверам со вас дали е тоа се: - ехо 2д /4д - крвна слика со седиментација и гликемија -хормони на трет ден - пап - микробиолошки брисеви - еден нов спермограм - документи од претходното неуспешно ин витро и негативна бета. Плус документот од матичен, копии од лк, венчаница и здравствена книшка на увид (и копија направив на 1 страна) Сите документи ми се нови. Утре по препорака на Трајковски ќе проверам и Амх рече може заради возраста (37) ќе ми бараат, инаку хормоните ми се добри. Како што ве читав овде, нема потреба од хсг пак да праќам, како и од инсеминации? Фала ви однапред на мислење.
Јас за 2ваучер не ја пратив негативната бета и од ифв па го одобрија секако по 6м од трансферот поднесував па не ми ни побараа а Хсг сигг нетреба ново ...ајде да ти го одобрат што побрзо пс.за хив и хепатит б и ц ќе ти требаат зза 2та
Мила, јас не пратив ХСГ и инсеминации по втор пат сега кога поднесував, ги имаат во архива, инаку поднесов хормони од 3 ден и плус АМХ, не знам дали е поради возраста 38, ама мене ФСХ кога поднесов беше 13.9 , заради тоа и поднесов, ако ти е во ред ФСХ-то тогаш не мора АМХ да поднесуваш.Со среќа и побрзо да ти одобрат!
Значи вака.. ги предадов пред 6 месеци мораше да чекаме да наполни 18 месеца детето мое па да биде разгледан мојот случај 1месец дена им се јавував ги чекав абер немаше и кога видов поштар пред врата се зачудив и самата не помислив дека и ќе разгледаат по толку работа таму.иначе од тетово сум
Мој совет да си прашаш др најдобро. Мене на пример, ми беше препорачано да внимавам и без мн физичка активност пред и после пункција и пред трансфер. Кај мене најмногу поради тоа што сум хипер-респондер и развивам хиперстимулација. Во секој случај, индивидуално е и најдобро со консултација. Поздрав
dragi moi denes pravev na 11den od transfer ne doizdrzav do utre prvo test doma i izleze pozitiven i vednas vo plodnost i beta hcg 212
Јас правев хсг кај Толовски. И матичната беше присутна. Искуствата во врска со болка се индивидуални како што гледам. Јас на пример, иако имав проодни канали, имав болка при процедурата и ден-два потоа. Им пријавив но ми кажаа дека е нормално. Примав антибиотик превентивно 5 дена после процедурата, и немав никакви проблеми. Не се плаши, е малку непријатно но ништо страшно. Сепак пријави си ако имаш болки при процедурата, да знаат.
Девојки колку е битна крвната слика? Јас сум малку анемична и имам малку пониски гранулоцити. Дали може заради ова да ми прават проблем за ваучер?
Прошлиот месец имав ивф на природен циклус, па при крај излезе природен модифициран, со примени 4 менопура и 3 цетротиде. Ова од 10 ти ден. Извадени 2 фоликули. Доколку почнеш со инекции поранко би можела и повеќе да имаш. Јас секогаш без анестезија. Знам една жена борец овде колку што не држи сеќавање мислам дека без анестезија извадија 6. Пред се, зависи и каде се лоцирани фоликулите. Каде ќе правиш ивф и со што терапија, зашто модифициран?
Ќе ти стигне неделава на домашна адреса. Јас на 19ти мај поднесов, во петокот си го подигнав од архива. Да не го подигнев ми рекоа неделава ќе ми стигнел по пошта.Така да и твојот ќе стигне деновиве 100%