Мила, мислам дека и ти треба да добиеш писмо оваа недела, ако сакаш можеш да се јавиш на броевите на секретарите од 9-12 ч. и да прашаш дали ти е одобрен
Ради мојата историја (два абортуси ради хромозомски аномалии) реков мењам клиника...мењам доктор... и отидов кај Лазарески. Пошо сите ми се претходно класични ивф, каде што ради хиперстимулација, сите трансфери ми се со замрзнати, па реков да пробаме со слаба стимулација...па да добиеме некаде 5 -6 јк за да имам свеж траснфер. Почнавме со летрозол 5 дена...па сега треба да боцкам цетротоде и фостимон два дена...па после ќе видиме. 3 фоликули има...па може помал број-подобар квалитет пошо претходно од по 20 јк...ништо асолно не излезе...
Секоја промена е добра, со лесно и со успех да си завршиш. Јас имам три класични, и некако не реагирав добро и по малку јајце клетки. Потоа продолжив на скроз природен и еден модифициран. Една си добивам, ама вредна
Фала ти...и јас се надевам на успех...со таа надеж сме сите пред секоја постапка. Ти посакувам и тебе среќа
Само што те прочитав. И јас поради хиперстимулации досега се со краток протокол, и трансфер на замрзнати емб. Имам уште еден обид. Многу читам и размислувам дали хиперстимулацијата и краткиот протокол влијаат на квалитетот на добиените јајце клетки и ембриончиња. Поделени мислења наоѓам во истражувања. Ако нешто имаш инфо од твојот др на темава, те молам сподели.
Не се разбирам многу во протоколиве ама само едно имам приметено, од видеа со искуства што имам гледано, претежно во САД,сите видеа што ги изгледав беа со скоро иста постапка- протоколот иде на следниов начин- две недели контрацепција,па после 5 дена одмор па стимулации 8-10 дена па пункција. Јас од тоа што разговарав со докторот, тој ми објасни дека и двата протокола имаат ист процент на успешност, дека не важи едниот за подобар од другиот. Е сеа не знам кои фактори одлучуваат за тоа на кој протокол да те стават. Ако можеш да ме просветлиш на таа тема би ти била благодарна
Јас колку што знам, кој протокол ќе одберат е индивидуален пристап и зависи од повеќе фактори: историја на пациентот, возраст, хормонски резултати, оваријална резерва, како реагираш на стимул.терапија и дали имаш некои специфични медицински состојби. Во случаи како мојот пример (pcos/хиперреспондер и синдром на хиперстимулација), често одат со краток протокол, пошо со долг протокол кај мене ризикот е голем од компликации. И на помали дози стимулација јас реагирам претерано и мора голема контрола. Е сега има и многу варијанти на протоколиве шо најчесто ги употребуваат (краток, долг, долг-модифициран, итн). Ќе учам уште на темава, па ќе споделам ако нешто плус ми фати око.
Од се шо сум читала, никаде нема дека протоколот влијае на квалитетот. Многу повеќе влијаат годините, состојбата на организмот...навиките отколку протоколот. Мене сите ми се со долг протокол, сега сум на природен. Знам дека во странство што сум читала преферираат замрзнат трансфер, да се одмори телото, а и да можат да контролораат....ама не и ради квалиетот. Стварно не знам дали од протоколот може да зависи квалитетот. Едно шо знам се само суплементи и промени во навиките... Ајде со среќа нека ни е...пошо стварно среќа треба за ова
јас на ова наидов денес и доста работи ми се разјасниа https://www.fertilityiq.com/ivf-in-...rotocols-an-introduction#selecting-a-protocol
Фала ти мила, мојот уште го нема, ќе морам да се јавам да прашам, со среќа да си го користиш и да ти донесе успех*
Falaaa mila! Javi se obavezno, ama kaj i da e, ke pristigne denovive! Neka na site ni donese najgolema srekja, neka ni se napolnat racete so ovie odobreni vauceri!