Mene doktorot mi smetase od denot transferot koga e bil...obicno so in vitro se smeta taka...kako I da e neka e so lesno so ubavo do kraj.
Здраво девојки Првпат пишувам на форумов и најпрво да ви честитам на сите идни мамички и на сите што скоро добивте ваучери....ви посакувам да ви донесат бебче во раце Јас поддадов документи за прво инвитро на 15 јуни и сеуште чекам писмо...се надевам дека наскоро ќе добијам позитивен одговор. Инаку секој ден вртам на броевите на секретарите и никако да добијам некого за да прашам
http://tvoebebe.com/BREMENOST/nedeli-meseci Од прв ден на последна менструација. Еве израчунај си тука
Ве молам пишете и на друг ако му ги барале овие за ваучер. Не знам зошто пологично ми е да ги приложам овие испитувања во клиниката што ќе правам ивф пред да почнам со постапка. Инаку може ако ги направиме сега додека да почнеме со постапка да изминат 6 месеци и пак да треба да се прават.
Мила за хив и хепатит за 2та треба и за ваучер (за сопругот за спермограмот без хив и хепатит не ви бараа? ) 2ваучери веќе имам добиено и сигг не би ви рекла нешто што не е така... @Sienna_MK ти доби ваучер сега, сподели инфо за потребните документи ... @Маја Т , @Bubce38 @Luni ...
Задолжително е да се приложат маркерите за хив и хепатити за ваучер. Наведено си е медицинска документација што треба да се приложи.
Секако дека ни бараа и правевме, само што во тој рок од важност од 6 месеци на овие испитувања се фати и постапката и спермограмот. Штом мора, ќе правиме пак, барем се друго имам веќе собрано. Фала ви на одговорите
При вонтелесно оплодување може да се пресмета по денот на пункција кој се смета како ден на зачнување, или по денот на трансферот. Пробај овде https://www.yourduedate.com/
Мила, Хив, Хепатити Б и Ц можеш да ги направиш најбрзо во Железничар, ќе добиеш резултати за 2 часа и одма да си поднесеш документи во Фондот
И јас прашував колку често и кога се состанува комисијата. Разбрав дека сега во четврток ќе има. Јас правев во Толовски. Не беше пријатно ич и болки како при болен менструалрн циклус, малку поназначено. Добрата страна е што интервенцијата е кратка (околу 3 минути), прават 3 снимки и тоа е тоа. Немав потреба од аналгетици.
Јас пак Сакам да прашам дали има број да се јавиме за да дознаееме дали ни ги виделе документите за ваучер. Нестрплива сум навистина ми е битно ова ..
На сајтот на ФЗО ги има овие броеви за контакт, но јас упорно вртев секој ден и никако да ги добијам тука пишува од 12:30-16:30 но некоја феминка имаше пишано од 9:00-12:00. Пробај си ја среќата може ти ќе добиеш некого
И оваа ѕирни ја, за краток е, има доста информации https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5700393/