Денес го слушнав срценцето. После 6 год борба. Да даде Господ само убавини на сите..Незнам стварно што да напишам друго. Ми се тресат рацете. Ве сакам ❤
Фала ти мила за онфото, дали ова е службен број на некоја докторка? Бидејќи ми кажаа да се јавував само на секретарка за информација до каде е ваучерот Што убаво, сигурно целата си треперела од возбуда и среќа Со лесно мила до крајот, да си го земеш бебенцето во рацете
Бројот е на др Билјана од комисијата е сега незнам далине службен таа ми го имаше дадено лани јас кога птаќав дополнителни документи. Докторката е многу фина ќе ви помогне за што и да е
Здраво Дали некоја има информација кога одржуваат состанок во фондот за разгледување на документите за ивф?
Обично секој четврток се состанува комисијата. Така беше последниов месец Ова е др Билјана што е прва на листата напишана. Јас со неа се чув , она беше таа што ми кажа дека само секретарките ќе ми ја дадат таа информација. Пратени се, џабе ќе ги бараш. Ти кажаа дека е одобрен, тоа е најважно Подобро на поштата ѕвони, или иди во пошта, може поштарот ти забушава не се секирај ќе стигне секој момент
Мила, ми се јави човек од Фондот, уште не е пратено моето писмо, ми се јави да ме праша дали сакам по пошта да го чекам или да го подигнам утре, така да ќе си го земам утре, нема да чекам да ми го пуштат по поштаСепак не ги пуштиле сите, а јас почнав и во Пошта да вртам
И кај мене беше исто,наводно пратено па поштар,пошта секој ден вртење и после една недела дознав не било пратено и трчанката да го земам
Некој да има инфо комисија за Ивф со донор кога ќе има? Ме маткаат од прошли месец, сега најново после изборите. Јас сум во Њуборн, ама би требало да е исто за сите.
Здраво и јас сум нова на форумов.Им честитам на сите што добија ваучери,и јас да споделам дека поднесов документи во мај но се уште никаков одговор.Па сакам да ве прашам да не има некоја врска што сум поднела за 1во инвитро,но 2ро деѕе.Оти синчето има 9год,па за 2ро моравме со ин витро.Да не знае некој да не случајно имаст предност оние за 1во дете,за да бидеме спокојни и да почекаме оти на тие броевите не ми се јавува никој.❤
Мислам дека нема врска само поспоро идат нештата ради ситуацијата (лани и претхпдно место две недели чекавме и по месец дена)... пробајте да бидете поупорни за да добиете неко на тел ќе ви кажат дали е разгледан или кога ќе го разгледаат предметот
Лаванда...дали правеше инсенинации пред да поднесес документи...и јас сакам за второ дете да поднесам...ама немам правено инсеминации
Да 1неуспешна,и излезе дека проблемот бил комплетна билатерална опструкција на туби на јајцеводи.Незнам ни како ми се случило тоа.Дај Боже на сите да ни одобрат.Втора инсеменација не правев бидејки имало ризик за вонматкина бременост.❤
Девојки имам со вас да споделам еден страв. На сред постапка сум би требало во недела или понеделник да е пункција. На работа одев до пред една недела. Ни најавија на сите вработени ќе ни прават скрининг. Што ако некој недај боже излезе позитивен. Недај боже да ме стават во изолација не знам дали има протол за пункција на суспектни