Девојки, морам да се пофалам и овде. Се роди нашата долго очекувана принцеза Јана . Беше неизвесно и драматично до самиот крај, но фала му на господа, се излезе добро, па по многу изгубени битки, ние победивме Ја добивме војната. Ви посакувам на сите до една, да бидете упорни и да си ја дочекате истата срекја. Ве
Леле убавиниНека е жива и здрава хероината ваша!!! Многу радости да ви носиМногу ме израдува мила, да си ја дочекаме сите твојата среќа!
Мила, ти благодарам на честитките . Секако дека сите ке си ја дочекате оваа срекја, кога јас на овие години и после толку разочарувања успеав, сите до една ке успеете. Ви посакувам тоа да биде што побрзо, и со помалку стрес. Те .
Честитки за Јана, голема да расте, и на вас за храброста и упорноста. Тоа е тоа за кое вреди да се живее. Поздрав
Девојки дали ако има голем број на фоликули при стимулации влијае на нивниот квалитет т.е дали значи дека повеќето може имаат неквалитетна јајце клетка?
Дали некој има искуство со Преимлантациона генетска дијагноза (PGD) - генетска анализа на единечна клетка од ембрион пред ембрио трансфер ?
Да ми спомнаа тоа, денес хормоните ќе ми ги видат. А денес ми се повраќа малку и ми се врти, ама тоа може да ми е од бромергонот пошто сеа почнав да го пијам. Стомак не ме боли. Мн фоликули имам, само на десниот јајник имам 15 од кои 10 се веќе големки Какви се симптомите на хипер?
И јас имав толку фоликули, немора да значи дека ќе имаш хиперстимулација. Кавлитетот на јајце клетките не зависи од тоа дали се многу или малку. Ќе го следат естрадиолот за да видат дали ќе дојде до хиперстимулација.Не мисли на тоа, може ти се лоши од сите стимулации и хормони што ги примаш.Јас исто се плашев од хиперстимулација. Ќе биде во ред. Колку убава вест, да ви е жива и здрава. Надеж ваша а и наша Верувам дека е најубавото нешто што може да се слушне.Само со убаво и со лесно да ти оди
@LunaGrey колку е естрадиолот? кај мене според него се водеа, ако е висок ќе направат и порано пункција ако треба. Лошењето може да е и од бромергонот и хормоните, и мене ми се лошеше од нив
Немам пцос, барем не ми кажал никој ништо такво а имам прашувано. Во нормален циклус имам по 6 фоликула на јајник што е нормално со оглед на тоа дека сум млада. Имам редовни циклуса на 28 дена , немам индикации за пцос. Далеку сум од пункција, 5ти ден од циклус ми е.